Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, во интервју за Радио Слободна Македонија потенцира дека техничките министри од СДСМ практицираат полнење на институциите со нивни партиски активисти во услови кога постојано се залагаа за непартизација.-По цел ден можеме да видиме партизација на институциите тоа најдобро го практицира министерот за внатрешни работи, но ништо подолу не е ни министерката за труд и социјална политика, каде што експонирани партиски активисти се вработени во нивните институции, а претходно тие се залагаа за непартизација на институциите, рече Јанакиески.
Тој потенцира дека СДСМ се препознатливи по тоа што ја урнисаа правната држава и го поткопаа принципот на владеење на правото, со што ги потсетија граѓаните како владееше СДСМ.
-Редица на кривични пријави, кадровски промени во спротивност со закон, неисполнување на судски одлуки тоа е начинот на кој СДСМ функционира и добро е што имаше можност граѓаните да се потсетат како функционирало СДСМ години наназад, рече Јанакиески.-По цел ден можеме да видиме партизација на институциите тоа најдобро го практицира министерот за внатрешни работи, но ништо подолу не е ни министе