Јанакиески: „Космос“ како објект е класична дивоградба

Коментирајќи го случајот со објектот „Космос“, поранешниот министер за транспорт и врски во интервју за НОВА ТВ изјави дека треба да се сфати, без разлика дали се работи за отстапување од 1,5 метри, од две метри, три метри и така натаму, дивоградба си е дивоградба.– „Космос“ како објект е класична дивоградба и општина Гази Баба надлежна за таков вид на објекти има постапено согласно законот и тоа не го кажувам јас, туку тоа го кажа и Управниот суд. Тоа го потврди и самиот инвеститор, впрочем кога се донесе решението за уривање самиот инвеститор побара измени во тек на градба, односно неговата дозвола за градба да се измени точно за оние отстапувања што ги имаше и со тоа самиот ја призна вината дека при изградба на „Космос“ имаат направено нешто што е спротивно на законот за градење, рече Јанакиески.
Јанакиески нагласува дека не е точно дека објектот се рушел политички, туку сите правни аспекти во случајот „Космос“ се согласно законот за градење и сите судски истанци во Република Македонија имаат потврдено дека објектот е рушен согласно сите позитивни законски прописи.
-Во однос на обвинувањата дека сум бил длабоко влезен во градежништво во градба и така натаму, јас одговорно тврдам дека ниту имам градежна компанија, ниту сум се занимавал со градење, тоа се шпекулации се со цел да се нанесе негативно влијание на мојот имиџ, вели Јанакиески.– „Космос“ како објект е класична дивоградба и општина Гази Баба надлежна за таков вид на објекти има постапено согласно законот

Пронајдете не на следниве мрежи: