Јанева и сообраќајниот срам

Член на Фејсбук групата „Ѕид на сообраќаен срам“ објави фотографија од џип од кој тврди дека излегла специјалната обвинителка Катица Јанева, а на која се гледа дека е паркиран на недозволено место.Џипот за кој медиумите известија дека е регистриран на СОЗР и даден на користење на СЈО е „качен“ на зелена површина непосредно до СЈО, а зад него има автомобил марка „Пежо“ какви што неколку на донација доби обвинителството.

Дали ваквиот однос на Јанева и нејзиниот тим значи дека за нив не важат законите за кои тие се платени со илјадници евра за да ги спроведуваат? Или можеби Катица не видела дека се работи за зелена површина како дел од тротоар, на која ако обичните граѓани паркираат, автомобилите веднаш ќе им бидат кренати од пајак службата и ќе платат казна од неколку илјади денари.
Ова нема да е прв пат Катица да не види нешто. Засега во јавноста е позната како жената која не видела ниту еден криминал на Зоран Заев, Зоран Верушевски или било кој од СДСМ.
Ова нема да е прв пат ниту во групата „Ѕид на сообраќаен срам“ граѓаните да реагираат за делата на оние кои наводно се залагаат за еднаквост пред закон за сите граѓани. „Шарените платеници“ како што ги нарекоа т.н. револуционери голем дел од граѓаните откако се појавија информации за висината на нивните хонорари, како по обичај не сметаат дека кога го кршат законот – го кршат законот, туку дека имаат некаков перформанс.

Па така и автомобилите со кои ги блокираат крстосниците низ Скопје им е покриена регистарската табличка, нешто што законски не е дозволено.Џипот за кој медиумите известија дека е регистриран на СОЗР и даден на користење на СЈО е „качен“ на зелена површина непосредно до СЈО,

Пронајдете не на следниве мрежи: