Во организација на општина Карпош во населбата Влае, пригодно, во духот на македонската традиција, се одбележа палењето на Бадникарскиот оган.На манифестацијата беа присутни голем број граѓани кои имаа можност да пробаат од вкусната бадникарска трпеза и да наздрават за добро здравје и бериќетна година.
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски во своето обраќање пред присутните укажа дека на вакви празници, како луѓе треба да бидеме сплотени, весели и со надеж за побериќетна година.
Овогодинашниот кум Оливер Станоески во својот говор на присутните им ги честиташе празниците, истакнувајќи дека паричката нему му донела среќа во изминатава година.
Од пријавените претставници од сите урбани заедници на територијата на општина Карпош, среќата отиде кај Јасминка Јанева од урбаната заедница „Карпош 3“, со што и официјално стана кума за наредната година.
И покрај дождот присутните граѓани останаа да уживаат во посната бадникарска трпеза, греаната ракија и изведбата на македонска народна музика на „Exotic Band“.На манифестацијата беа присутни голем број граѓани кои имаа можност да пробаат од вкусната бадникарска трпеза и да наздрават за добро здравје и бер