Kaко да направите вкусна ФРАНЦУСКА ПАШТЕТА

Сакате поинаква но вкусна паштета. Пробајте да ја оваа француска паштета, верувајте…ќе ви се допадне!1. Пилешкиот џигер убаво измијте го и исушете го со салфетка. Одстранете ги белите кожички ако има. На 1 лажица путер кратко време пропржете го од двете страни, отприлика по 3-4 мин и извадете го на страна.
2. Во истото тавче, додадете го ситно сецканиот кромид и сецканите шампињони и пропржете ги додека не испари течноста која ја пуштаат печурките. Додадете го исцедениот вргањ (претходно да омекне околу ½ час во врела вода), гранчиња мајчина душичка, џигерот и пропржете уште 1-2 мин. Додадете го ликерот од портокал и пропржете уште 2-3 мин да испари алкохолот.
3. Тргнете го садот на страна и зачинете со сол и свежо мелен бибер.

4. Оставете го малку да се олади, тргнете ја мајчината душичка и потоа испасирајте ги сите состојки со рачен блендер. Додадете го остатокот од мекиот путер и повторно убаво изблендирајте за да добиете мазна смеса.
5. Ставете ја паштетата во порцелански или стаклен сад, покријте ја со прозирна фолија и оставете ја убаво да се олади во фрижидер (2-3ч).
6. Во лонче со вода додадете го желатинот, оставете да набабри, а потоа загрејте го за убаво да се растопи. Додадете го соја сосот.
7. Откако ќе се олади, внимателно со лажица прелејте ја паштетата. По вкус ако сакате претходно врз паштетата може да ставите парчиња ѕвездест анис, листови од мајчина душичка и сл.
 1. Пилешкиот џигер убаво измијте го и исушете го со салфетка. Одстранете ги белите кожички ако има. На 1 лажица путер кратко време пропржете го од

Пронајдете не на следниве мрежи: