Како делува законот на привлечност

Секоја ситуација во која што се наоѓаме,позитивна или негативна ,може да се објасни со помош на природните закони.Во Универзумот постои совршен склад и ред,а неговите законитости се гледаат преку случувањата кои се последица на човековите мисли,зборови и дела.
По објавувањето на книгата и документарниот филм ‘‘Тајна‘‘, Законот на привлечност стана доста интересна тема.За жал често овој закон се толкува на погрешен начин.Доколку сакаме нешто,не е потребно само да го посакуваме и да чекаме самото да си дојде .Овој природен закон има свои правила на делување.
Според Законот на гравитација, знаеме дека Земјата привлекува се ,така да се што ќе фрлиме во воздух, мора и да падне ,бидејќи е привлечено со силата на земјината тежа, под услов тој предмет да не го одржуваме вештачки во воздух со некоја друга сила.Авионот доколку нема гориво ќе падне на земја,како и балонот доколку снема воздух.
Законот на привлечност делува по принцип на исти фреквенции.
На тој начин може да се објасни сето она што го привлекуваме со нашите мисли.
Секое тело има свое енергетско поле и вибрира на одредена фреквенција во зависност од нашата моментална состојба.Нашите мисли произведуваат емоции и ја одредуваат таа фреквенција,така да негативните мисли и емоции се на ниска фреквенција,додека позитивните се на висока.
Добрата вест е што ние самите можеме да одредиме што сакаме да привлечеме,доколку правилно го разбереме делувањето на Законот за привлечност.
Секоја ситуација во нашиот живот е последица на некоја наша мисла.Тоа можеме да го објасниме на следниот начин: Нашиот ум е поделен на свест и подсвест.
Со свесниот дел кој е наречен интелегентен ум, комуницираме со нашата околина и ги создаваме нашите нови мисли.Свесниот ум функционира преку слободната волја и во тој дел од умот ги креираме нашите мисли ,преку слики, кои што свесно ги одбираме.Во нашиот подсвесен ум се наоѓаат мислите пренесени од свесниот ум, кои што се прифатени како наша вистина.Докажано е дека секоја мисла која што е разработена во нашиот свесен ум,може да произведе емоција, која се врзува за нашиот емотивен ум и на тој начин се пренесува во нашата подсвест.
Нашата фреквенција е условена од нашата подсвест..Каков вид на мисли сме креирале во минатото,такви случувања имаме во секашноста.
Нашето тело реагира по наредба на нашиот подсвесен ум,така да и вибрира во склад со нашата подсвест.
Према Законот на привлечност, нашето енергетско тело ги шири своите вибрации и ја креира фреквенцијата на нашата реалност во склад со тие вибрации.Доколку позитивно вибрираме и нашата реалност ќе биде позитивна,истото се однесува и на негативната вибрација, која ни носи негативна реалност.
Единствено нешто на кое не се обрнува внимание е фактот дека за да ни се случи нешто позитивно или негативно,треба да превземеме некоја акција,а не само да мислиме.
Рековме дека нашата подсвест делува во склад со нашето физичко тело.Ние свесно не можеме да ја контролираме нашата подсвест,единствено свесно можеме да одбереме какви мисли ке креираме,мисли кои би сакале да ги прифатиме како наша вистина.Доколку нашата вистина се негативни мисли,тие мисли несвесно ќе не водат да превземаме чекори во склад со таа вистина и на тој начин во нашиот живот привлекуваме негативни случувања и личности.Од друга страна доколку размислуваме позитивно и тоа го прифатиме како наш нормален начин на размислување,креираме позитивни вистина и се движиме во правец на таа вистина.
Интересен е поимот кој е и вистинит а вели: Не го привлекуваме тоа што сакаме,туку привлекуваме тоа што сме.
Кога се фокусираме на нешто што го немаме и постојано се жалиме, а во исто време го посакуваме,во нашата подсвест креираме образец дека тоа ‘‘го немаме‘‘и вибрираме со ниска вибрација, на чија што фреквенција не можеме да го добиеме посакуваното.Доколку би го добиле тоа што го сакаме, би биле среќни и задоволни, а тоа расположение одговара на фреквенцијата на која што моментално не се наоѓаме.Од друга страна доколку мислиме и чувствуваме, дека тоа што го сакаме веќе го поседуваме или сме го постигнале,вибрираме на фреквенција на која што се наоѓа посакуваното.Сето тоа е показател дека ние сме тоа што мислиме,а не тоа што сакаме да бидеме.
Законот на привлечност не делува доколку имаме само потреба од некое материјално добро и мислиме позитивно единствено во тој правец,а од друга страна нашите останати мисли и делувања се негативни. .Мораме целосно да бидеме во склад со себе, за да го добиеме тоа што навистина го посакуваме,превземајќи акции кои што ќе не усмерат према нашата цел.Мислите кои ги креираме не усмеруваат на правиот пат,привлекувајќи ги вистинските ресурси,кои ни се потребни за остварување на нашата цел.
Постојат разни техники и вежби кои се користат во life coaching-от,кои што можат да ни помогнат свесните мисли да ги усмериме во правец на физичка манифестација,а резултатот е чувство на среќа,исполнетост и креација на својот сопствениот живот.
Внимавајте на вашите мисли,бидејќи тие ја креираат вашата иднина.
‘‘Ти си тоа што мислиш‘‘ -Буда
Пишува-Илина Чичевска life coachВо Универзумот постои совршен склад и ред,а неговите законитости се гледаат преку случувањата кои се последица на човековите мисли,збо

Пронајдете не на следниве мрежи: