Како до поголема ефикасност на работното место?

Научете се да се ослободите од стресот и напнатоста и ќе станете значително попродуктивни. Погледнете како можете да се изборите со секојдневната тензија на работното место, што позитивно ќе се одрази на вашето расположение, но и на работната ефикасност.
Бидете уредни
Одржувајте ред на својата работна маса. Доколку пред вас се наоѓа куп од хартии и папки, ќе се чувствувате безволно, нервозно и без желба за работа. Предлагаме да одвоите 15 минути за да го средите вашето биро. Пото опкружете се со бои кои им одговараат на очите и ја враќаат енергијата. Светлосината и зелената создаваат поведар амбиент. Доколку додадете предмети во црвена, портокалова или жолта боја, денот ќе ви биде комлетен.
Направете план за работа
Секојдневните активности рангирајте ги според важноста. На прво место се оние кои никој освен вас не може да ги направи и кои доколку не ги завршите на време, може сериозно да го загрозат проектот. Потоа забележете ги оние кои можете да ги завршите денес, но и доколку ги оставите за утре нема да ја загрозат иднината напроектот и на крај оставете ги оние кои можете да им ги препуштите на соработниците.
Искористете ја паузата и прошетајте
На секој час до час и половина станете и прошетајте се по ходникот, а доколку никој не ве гледа протегнете ги рацете и нозете. На пладне излезете на светлина и чист воздух. Светлината стимулира поизводство на адреналин и други нервни стимулатори. По кратка прошетка ќе бидете во полна форма затоа што мозокот се“надишал“ .
Не го заборавајте овошјето
На работа избегнувајте тешки јадења како бурек, хамбургери и грицки. Споменатите намирници се „успивачи“ кои создаваат додатно чувство на замор. Наместо тоа јадете овошје, пијте сокови или јогурт.
Мислете на нешто убаво
Вдишете и издишете полека и длабоко, а притоа пробајте да замислите нешто убаво. Направете го тоа неколку пати во денот, сигурно ќе се ослободите од напнатоста, а тогаш веројатно ќе се чувствувате подобро. Можат дави помогнат и разни мириси. Вдишете мирис на нане, босилок или рузмарин доколку почувствувате опаѓање на работниот елан. Исто така ќе ви помогне доколку на работа држите зелени јаболки, лимони или портокали.Научете се да се ослободите од стресот и напнатоста и ќе станете значително попродуктивни. Погледнете како можете

Пронајдете не на следниве мрежи: