„Како купечки“: Рецепт за куглоф – Мек, сочен и лесен

Loading...

Рецепт за куглоф – Мек, сочен и лесенСостојки:
4 јајца
200 гр шеќер
100 мл масло
100 мл топла вода
½ прашок за печиво
200 гр брашно
1 ванилин шеќер
кора од лимон
2 лажици какао
Подготовка:
Одвојте ги белките од жолчките.
Од белките изматете цврст снег. Во друг сад измиксајте  150 гр шеќер, 4 жолчки, вода и ванилин шеќер во пенеста смеса. Додадете го брашното помешано со прашок за пециво, изрендана кора од лимон, масло, а на крајот снегот од белки.
1/3 од смесата одвојте, во неа ставете какао и 50 гр шеќер па измешајте со миксер се да се соедини.
Во калап за куглов ставете масло и побрашнете, па претурете наизменично, светлата и темната смеса, или ставете ја прво светлата, па врз неа темната и со виљушка благо промешајте за да добиете шари.
Рерната загрејте ја на 180С и печете 40 минути. Извадете го куглофот и посипете со шеќер во прав или направете глазура од чоколадо и цел изладен куглоф премачкајте го со неа.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
4 јајца
200 гр шеќер
100 мл масло
100 мл топла вода
½ прашок за печиво

loading...