КАКО ОД ХОРОР: Купиле куќа од милион долари а не ни сонувале дека со неа доаѓа МОРБИДЕН додаток

Едно семејство од Њу Џерси било непријатно изненадено кога неколку дена по вселувањето во новата „куќа од соништата“, почнале да добиваат чудни писма од некој кој се потпишувал како „Набљудувач“.  Писмата најпрво делувале наивно, но потоа станале застрашувачки и морбидни. Поради тоа ова анонимно семејство сега ги тужи претходните сопственици – кои знаеле дека куќата е „проклета“, но не им кажале ништо.
„Мојот дедо ја набљудувал оваа куќа од 1920-та година, мојот татко од 1960-та. Сега на мене ми е редот“, стои во едно од писмата кое го добило ова семејство. Нивното сениште се потпишува како „Набљудувач“ и изгледа дека им го следи секој чекор.
Но, после иницијалиот шок, семејството сфатило колку ова може да биде опасно. Особено кога следните писма станале значително поморбидни.
„Дали ќе ја напуштите куќата со млада крв која ја барав? Кога ќе им ги дознаам имињата ќе ги барам и ќе ги ги привлечам кон себе. Од претходните сопственици барав да ми донесат млада крв“, стои во едно од писмата. Загрижените родители, кои во оваа куќа живеат со своите 3 деца, ова го сфатиле како една многу морбидна закана.

 

„Дали свежата крв ќе заигра во подрумот? Чија е оваа соба која гледа кон улицата? Ќе знам штом ќе се вселите. Кога ќе дознаам кој е во таа соба, полесно ќе можам да си играм. Јас сум главен во оваа куќа“, се продолжиле писмата со закани.
Судејќи по тужбата, писмата само продолжувале да пристигнуваат . а „Набљудувачот“ вели дека тој е вистинскиот сопственик на куќата и дека го чека моментот кога „младата крв повторно ќе биде негова“.
Семејството поднело тужба против претходните сопственици, од кои ја купиле куќата за 1.3 милиони долари минатата година. Иако знаеле дека куќата доаѓа во пакет со морбидно сениште и закани – премолчеле.
Сега семејството не може да живее во својата куќа, бидејќи се плашат, а не може ниту да ја продаде бидејќи и потенцијалните купуваче премногу се плашат од „Набљудувачот“.Писмата најпрво делувале наивно, но потоа станале застрашувачки и морбидни. Поради тоа ова анонимно семејство сега ги тужи претходните сопственици

Пронајдете не на следниве мрежи: