Какви пудри за лице не треба да ставате?

Идеална течна пудра не е лесно да се одбере, но со оглед на фактот дека таа претставува важен дел од вашиот изглед, не ќе биде лошо да одвоите малку време и да ја пронајдете онаа која на вашето лице ќе изгледа потполно неприметно и ќе ја нагласи вашата природна убавина.
Козметичкиот пазар нуди навистина голем избор на пудри за лице, но без разлика на тоа, многу жени се уште нанесуваат погрешна.
Претемна пудра
Девојките најчесто одбираат пудри кои се до три нијанси потемни од нивниот тен. Тоа е голема грешка, бидејќи поради тоа лицето ќе ви изгледа несредено. Изберете пудра која ја има нијансата на вашиот тен, а додадете му боја на лицето со помош на руменило.
Евтина пудра
Не велиме дека мора да потрошите цело богатство на тешна пудра за лице, но оние кои се многу евтини, често имаат и лоша текстура што лесно може да се забележи. Подобро заштедете на лакови за нокти, сенки за очи и руменило.

Пудра за друг тип на кожа
Имате комбинирана кожа а ставате пудра со сјајни честички? Или пак имате сува кожа а носите пудра за матирање? Со нанесувањето на погрешна пудра само ќе ја измачите кожата и ќе изгледате неуредно, па ако не знаете кој тип на кожа е вашата, прашајте ја вработената во парфимеријата за совет.
Прегуста пудра
Прегуста пудра изгледа многу лошо на младото лице. Овозможете и на кожата да диши и одберете полесна варијанта на пудра за лице.
Мал совет: Избегнувајте ги оние пудри кои ви ги препорачале вашите пријателки и користете само онакви какви што одговараат на вашиот тип на кожа.
Идеална течна пудра не е лесно да се одбере, но со оглед на фактот дека таа претставува важен дел од вашиот изглед, не

Пронајдете не на следниве мрежи: