Какви сандали ќе се носат ова лето?

Летните сандали се совршен додаток во едноставна комбинација со фармерки или, пак, моден нагласок на добро здолништеГолите прсти на нозете го најавуваат летото. Прстите повторно се слободни, време е за сандали. Тие се совршен додаток во едноставна комбинација со фармерки или, пак, моден нагласок на добро здолниште. Сандалите со потпетици секогаш биле омилени кога температурите ќе се искачат над 25 Целзиусови степени.
Секакви модели се дозволени
Голем е изборот на сандали што се актуелни оваа сезона. Од класични модели со ременчиња, до луди комбинации или, пак, популарните парчиња со метален сјај.
Боите, исто така, се приспособени на сезоната, па така има многу модели на сандали во светлокафени и метални нијанси, кои многу лесно се комбинираат со лелеави, летни материјали. Се разбира, неизбежни се црните сандали кои се идеални за монохроматски комбинации.

Еспадрилите повторно се во мода
Секоја година кога доаѓа лето, еспадрилите се враќаат на голема врата. Овие летни обувки се едни од ретките трендови што често се враќаат во орманите на сите следбеници на модата.
Секоја година стануваат сѐ подобри и ретко кој може да им одолее. Класични, со полна петица, отворени или затворени, секој ги избира според сопствениот вкус. Без разлика какви ќе изберете за прошетка, нема да згрешите.Голите прсти на нозете го најавуваат летото. Прстите повторно се слободни, време е за сандали. Тие се совршен додаток во едноставна комбинација со

Пронајдете не на следниве мрежи: