Кажете здраво на Земја 2.0! Тоа е историскиот Кеплер, Дискавери сугерира дека ние не сме сами!

 Запомнете го името Кеплер 452b. Затоа што во потрагата да се открие дали сме сами во овој голем и фасцинантен универзум, и во потрага на друго засолниште за живот, среде безброј мртви и непогодни за живеење планети, ние можеби конечно имаме вистински кандидат за Земјата 2.0.За прв пат, научниците открија нешто што наликува на карпест свет кој кружи околу ѕвезда слична на Сонцето на речиси иста далечина како што Земјата орбитира околу нашата сопствена ѕвезда Сонцето. И други потенцијално погодни за живеење планети биле пронајдени досега, но оваа е прва која може веродостојно да биде уште една Земја.
Кеплер 452b, е откриен од страна на Кеплер телескопот на НАСА, и се наоѓа 1.400 светлосни години од нас. Орбитира околу ѕвезда која е 4% помасивна и 10% посветла од Сонцето Самата планета е 1,6 пати поголема од Земјата – што ја прави супер-Земја – но научниците се прилично сигурни дека големината на овој карпест свет, се должи на типот на ѕвездата покрај која орбитира.
Кеплер орбитира околу неговото Сонце за 384,84 дена, зошто е за 5% повеќе одалечен неговата ѕвезда, за разлика од нашата планета и нашето Сонцето, положбата е соодветна и затоа прави погодни услови, каде што не е премногу топло или ладно за течна вода да се формира: на исти региони како на Земјата. Ова не е првата планета со големина на нашата Земја пронајдена во зона погодна за живот, минатата година, во светот се шушкаше за откривањето на Кеплер 186f, повеќе сличен по големина на Земјата. Но, таа планета орбитира околуѕвезда црвено џуџе, помала и поладна од Сонцето.

 

„Ѕвездите со налик на сонце се фаворити на луѓето, а тоаго знаеме од една причина(Земјата) каде што се исплатело(за живот)“ изјавил  Seth Shostak, директорот на SETI (Search for External Life), кој бил вклучен во откривањето на планетата, изјави IFLScience.
Shostak откри декаима потенцијал за постоење на живот на тој свет, SETI веќе го простудирале за да дознаат дали имало било какви знаци на живот на таа планета, иако досега без успех. „ Ние не ги погледнавме сеуште сите фреквенции, но ако има било каков живот на Кеплер 452b тие се многу срамежливи. “
И покрај тоа што масата на планетата не може да биде определена сепак, научниците сметаат дека таа може да биде околу пет пати поголема од онаа на Земјата врз основа на модели.  Карпеста планета од оваа големина и маса, најверојатно, сеуште има активни вулкани на површината. 
Сепак, треба да се напомене дека ѕвездата орбитира околу 1,5 милијарди годиниие постара од Сонцето. Од една страна, изложеност на таа зголемена енергија од својата ѕвезда значи дека доколку постоеле океани на неговата површина, најверојатноиспариле, што ја намалувашансата да биде погодна за живеење. Од друга страна, оваа планета нуди фасцинантна можност да се види што може да се случи со Земјата во иднина.
„Ако Кеплер 452b навистина е карпеста планета, неговата локација vis-a-vis, ѕвездата би можело да значи дека таа е штотуку влезена во стакленичката фаза од својата климатска историја“, изјави Doug Caldwell, односно научник кој работи на мисијата Кеплер  на SETI Институтот.Изјавиле дека„Кеплер 452b можебиго доживува сега, онана што ќе биде подложена  Земјата за повеќе од милијарда години од сега,  како што Сонцето старее, така тоа станува се поголемо и посветло“

 

Кеплер 452b е пронајден во новиот каталог на 500 егзопланет. 12 од нив се два пати помали од дијаметарот на Земјата и орбитираат во нивната погодна ѕвездена зона, но Кеплер 452b е прватапризнаена како планета. Според тоа, може да биде само еден од многуте Земји 2.0s, кои се на прагот на откривањето.
„Кеплер 452b не носи еден чекор поблиску до разбирањето на тоа колку многу погоднипланети за живеење има таму“,изјави  Joseph Twicken, исто така научниик на институтот и главен програмер за мисијата Кеплер.
Додека Кеплер 452b упорно се кандидира за да се биде близнак на планетата Земјата, со една разика, а тоа е – нејзината големина, што е за 60% поголема од Земјата. Така, додека НАСА го најавуваат како најдобар кандидат за Земјата 2,0, потрагата ќе продолжи по повеќе планети слични на Земјата.
Всушност наоѓање живот на овие планети е се потешко. Иако постоечките телескопи како на James Webb вселенски телескоп (JWST) ќе биде дизајнирани за да ги проучуваат атмосферите на екстрасоларните планети и потрагата по знаци на постоење на живот, опсегот за постигнување на ова ќе биде десетици светлосни години од Земјата, рече Shostak. Кеплер 452b, по 1.400 светлосни години одалечен од Земјата, е премногу далеку за да биде сеопфатно студиран во овој момент.За прв пат, научниците открија нешто што наликува на карпест свет кој кружи околу ѕвезда слична на Сонцето на речиси иста далечина како што Земјата

Пронајдете не на следниве мрежи: