Американската телевизиска емисија „Ловци на духови“, која се занимава со паранормални појави, во едно издание истражуваше дали има духови на Петроварадинската тврдина.Во рамките на оваа популарна телевизија, тим истражувачи патуваат низ светот и посетуваат места на кои наводно се „појавуваат“ духови.
Тие во почетокот на ноември 2010 година, недела дена снимале кадри за првиот холивудски филм за Петроварадинската тврдина и нејзините мистерии.
Во снимената емисија, се тврди дека луѓе-сенки живеат во подземните ходници на тврдината, како и дека на одредени места се слушаат гласови од луѓе кои порано тука биле убивани. Истражувачите ги анализирале и пронајдените коски во тунелите. Според нивните тврдења, духовите ги слушале наредбите на англиски јазик и биле снимени со ласерски камери, а некои дури и ги „допирале“ истражувачите.
Дали ова значи дека тие духови се одговорни за крвавиот данок поради кој на „Егзит“ секоја година страда нечиј човечки живот?
Погледнете ја епизодат на „Ловци на духови“, снимена во Нови Сад.
Во рамките на оваа популарна телевизија, тим истражувачи патуваат низ светот и посетуваат места на кои наводно се „појавуваат“ духови.