Ќе ви стане омилена: Лисната пита со сирење

Оваа пита ќе ви стане омилена… Состојки:
500 гр брашно
300 мл млака вода
1 лажичка квасец
1 лажичка сол
1 јајце
250гр сирење
маст или масло за премачкување тесто
Подготовка:
Во млака вода ставете го квасецот и кога малку ќе надојде, додадете јајце и брашно. Замесете го тестото и добро изработете го.
Поделете го тестото на 24 топчиња. Секое топче од тестото развлечете го во круг со големина 10 см. Земете 3 круга и ставете ги еден врз друг претходно премачкани со растопена маст и масло. Третиот круг не го премачкувајте.
Така спојте ги и преостанатите кругови од тестото. Со спојување на круговите ќе добиете 8 круга кои ќе ги  расукате во кори од 30 см.
Така расукан еден круг ставете го во тепсија, премачкајте со растопена маст, ставете иситнето сирење, повторно круг, премачкајте со маст и ставете сирење.
Така правиме со сите 8 кругови. Наредената пита исечете ја на коцки и премачкајте ја со растопена маст и 2 лажички кисела павлака.
Оставете да стојат 20 минути и печете на 200 степени додека не добие златно жолта боја. 
Повеќе кулинарски трикови, рецепти, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.