Воопшто не е потребно да се зборува за чоколадото. Сите љубители на ова слатко задоволство ќе знаат дека ова е вистинскиот десерт за нив, а на сите останати ќе им препорачаме да го пробаат, зашто оваа торта со чоколадо и кикирики е вистински рај за непцата! Секако дека не ја препорачуваме на луѓе коишто се алергични на кикирики.Состојки за подлога за калапот, со димензии од 24 цм:
-200 г какао чајни кругови (или било каков кекс по желба)
-100 г путер или маргарин
Кикирики крем:
-300 мл слатка павлака
-300 г путер од кикирики
-100 г иситнети кикирики
Чоколаден крем:
-200 г чоколадо (над 45% какао)
-400 мл павлака за готвење
+
-200 г чоколадо за глазура
– 100 г крупно сецкани кикирики
– црн бибер или мелено чили пиперче.
Подготовка:
Кексот да се сомеле и да се помеша со путерот. Потоа се втиснува во дното од калапот и се израмнува.
Чоколадото и слатката павлака се топат на пареа и се остава да се оладат. По потреба, се ставаат во фрижидер. Кога смесата ќе биде скроз ладна, кремата се меша сѐ додека не се постигне цврстина на шлагот.
Во меѓувреме, путерот од кикирики, слатката павлака и павлаката за готвење се топат на пареа и се мешаат сѐ додека смесата на се обедини. Водете сметка маснотиите да не почнат да се одвојуваат од смесата. Откако павлаката и кикириките ќе се изедначат, додадете ги иситнетите кикирики. Пуштете кремата малку да се олади.
На подлогата од кекс прво ставете ја кикирики кремата, убаво нанесете ја, посипете неколку лажички чоколадна глазура и разлејте по целата торта, така што да се создаде тенка коричка. На сѐ уште мекото чоколадо, нанесете 50 г сецкани кикирики. Ставете во фрижидер на 10 минути, за да се стисне глазурата.
На глазурата и парчињата кикирики, додадете чоколаден крем (еден дел оставете за декорација). Ако кремата е малку помека, не грижете се – ќе се стврдне кога ќе се олади. Изладената торта полејте ја со преостанатата глазура и брзо нанесете ги преостанатите кикирики, бидејќи чоколадото многу брзо ќе се олади и стисне. Внимателно одвојте ја тортата од калапот и извадете ја.
За оние похрабрите, во преостанатиот чоколаден крем, додадете малку црн бибер или чили пиперка за потполно нов вкус! Секако, може и без тоа. Декорирајте по желба.
ПРЕПОРАКА: Кикириките да се комбинираат со солени и несолени… без страв, чоколадото ја сака соленоста на кикириките.
Наздравје!Состојки за подлога за калапот, со димензии од 24 цм:
-200 г какао чајни кругови (или било каков кекс по желба)
-1