Клиперси ги „растурија“ Лејкерси

Кошаркарите на Лос Анѓелес Клиперс го победија градскиот ривал Лејкерси на „гости“ со 125:101, во натпреварот одигран ноќта помеѓу четвртокот и петокот.Екипата на Вини дел Негро клучната предност ја оствари уште во првата четвртина (33:17), а во продолжението од натпреварот успеа да ја задржи предноста и на крајот да слави.Крис Пол беше најдобар со 24 поени и 13 асистенции, а Блејк Груфин 18 од 22 поени уфрли во првите 12 минути од мечот, кога се кршеше резултатот.На овој натпревар се виде колку на Клиперси предходно им недостасуваше Џонси Билапс, кој постигна 21 поен (5 од 7 за три поени). Клиперси уфрлија дури 48 поени од тројки со одличен процент на удари (16 од 30).На друга стана добра партија пружи Коби Брајант со 20 поени, 11 асистенции и пет скока, Двајт хауард имаше 18 поени и осум скока, а 17 поени реализира Ентоан Џејмисон.Лејкерс се десетти на западот со скор од 25-28, а Клиперси се трети со 38-17.И вториот натпревар од синоќешната понуда беше исклучително интересен, со оглед дека се состанаа двата најуспешни тима во моментот.Во репризата на минатогодишното финале, Мајами ја совлада Оклахома со 110:100.Леброн Џејмс со 39 поени го изедначи личниот рекорд на сезоната и ја продолжи низата од 30+ на седум натпревари.
МакфаксКошаркарите на Лос Анѓелес Клиперс го победија градскиот ривал Лејкерси на „гости“ со 125:101, во на

Пронајдете не на следниве мрежи: