ЌОФТИЊА ОД КОМПИРИ: Супер ручек за 30 минути

Состојки:
750 гр. пире од компир (од претходниот ден)
1 јајце
1 лажичка вегета
3 лажички презла
3 лажици брашно
1-2 чешниња лук или лук во прав
бибер по вкус
1 главица кромид
50 гр сушени домати

 
Подготовка:
На малку масло испржете го ситно исецканиот кромид додека не добие жолтеникава боја и не омекне. Исцедете го од маслото на салфета.
Исечкајте го сувиот домат
Пирето од компир од претходниот ден (може и свежо направено) само малку загрејте го во микробранова за полесно да се соедини со другите состојки а потоа додадете ги сите останати состојки и кратко промешајте додека рамномерно не се распоредат.
Посипете брашно на работната површина, формирајте ќофтиња, извалкајте ги во брашно и наредете ги на работната површина.
Пржете ги на малку масло, на средна јачина оган, околу 4-5 минути.
Забелешка:
Доколку немате сув домат, можете да го изоставите. Тука е додаден само заради добивање боја.Состојки:
750 гр. пире од компир (од претходниот ден)
1 јајце
1 лажичка вегета
3 лажички презла Супер ручек за 30 минути

Пронајдете не на следниве мрежи: