Тоа е Девицата!Карактер: Знак со најголема контрадикторност во себе бидејќи секогаш задржува доза на таинственост во себе. За жените кои се во потрага по „мачо“ тип вистинкиот избор не е маж Девица, посебно ако бараат маж со едноставен карактер , што Девицата секако не е. Обожава да ги критикува останатите. Ако имате челично трпение и знаете точно што сакате од животот, врската, бракот и од него, но и доколку имате цврст карактер слободно впуштете се во врска со маж Девица. Но, ако сте нежен тип на жена несигурна во себе, очекувате внимание, разбирање се тоа ќе го добите од него но само на почетокот. Тука ќе биде да ви помогнете да пораснете, доколку не ви оди од рака ќе ве остави сами преку своите проблеми да пораснете, не затоа што не сака да ви помогне туку едноставно знае низ што се мора да поминете сами. На Девицата секогаш може да се потпрете но прво треба да умеете да му се приближите, да го освоите или барем да го заинтересирате за вас. Главна особина на овој знак е што секогаш знае што сака, но, знае и како да го направи тоа. Тој секогаш размисува за иднината, се обидува да ги предвиди сите евентуални можности кои може да настанат и сака секогаш да биде подготвен ако излезе нешто непланирано. Но тоа ја покажува само неговата внимателност бидејќи не сака изненадувања. Може да биде склон кон напади на бес, нервоза и ќе се изненадите доколку некогаш покаже некоја своја мрачна неконторлирана страна од својата природа која се разликува од вообичаеното однесување.
Карактер: Жената Девица е аналитична, прецизна, грижлива, практична, премногу детална, пожртвувана, способна. Девицата сака за се да биде информирана, или пак доколку не е така се повлекува во себе. Ја нервира примитивност од секаков облик, индискретност и трачарење. Од нив никогаш нема да слушнете нешто што не е добро размислено, знае како да се постави во одредена ситуација. Таа се грижи за ситници, многу сочувствителна спрема болните, старите лица, многу е одговорна кон деца, во состојба е да се откаже од се само нејзините деца да бидат среќни. Ги потиснува емоциите и пати од различни стравови поврзани со здравјето. Девицата во љубовта е ненаметлива, сака секогаш другите да ја приметат, па никогаш не превзема иницијатива, чека да биде освоена, не сака порази, спремна е да трпи навреди, плени со отменост и воздржаност. Кога е во емотивна врска ги исполнува сите желби на партнерот, барем на почетокот или пак се труди да остави таков впечаток.
Карактер: Знак со најголема контрадикторност во себе бидејќи секогаш задржува доза на таинствено