Продажбата на Кока Кола ширум Европа опадна во последните 3 месеци, додека приходот во однос на истиот период минатата година опадна за 1.5 милијарди долари.
Од Кока – Кола се надеваат дека сепак новата акција „Сподели Кока – Кола“ во која го персонализираа својот бренд со 150 најпопуларни имиња кои ги испечатија на своите производи, ќе успеат да ја надоместат оваа загуба. За сега тоа им појде од рака само во Австралија и Нов Зеланд каде продажбата се покачила за 4 отсто.
Мухтар Кент, претседател и извршен директор на компанијата Кока – Кола, вели дека резултатите од „Сподели Кока – Кола“ се под очекувањата, но се надева дека ќе биде подобро со новиот маркетиншки пристап.
„Иако не сме задоволни со резултатите од она што го направивме сепак имаме значаен удел во вкупниот пазар на безалкохолни и газирани пијалаци. И покрај тешките услови во овој квартал, посветени сме во унапредувањето на резултатите, па поради тоа искрено се надевам дека резултатите ќе бидат подобри во втората половина од 2013 година“ изјавил Кент.
Продажбата на Кока Кола ширум Европа опадна во последните 3 месеци, додека приходот во однос на истиот период минатата