Колач од МАЈОНЕЗ: Како се прави десертот кој ги фасцинираше домаќинките

Дека до вчера се чудевме дека мајонезот е клучна состојка која му дава  спечифичен вкус на колачот, точно е. А тајната ни ја откри мајката на Џаспер Мирејбил, сопственик на еден италијански ресторан во Канзас, која дошла до  тоа после многу експерименти.Сопственикот на ресторанот и  неговата мајка тврдат  дека мајонезот се однесува како замена за маслото, брашното и  шеќерот и му ја дава неопходната влажност на колачот. Ајде да се увериме. Еве го рецептот, а вие преку коментарите јавете ни какви се вашите впечатоци.
Чоколаден колач со мајонез
Состојки:
240гр брашно
80 гр какао
1 ½ лажички сода бикарбона
¼  лажица прашок за пециво
3 јајца
250гр шеќер
Лажица екстракт од ванила
230 гр мајонез
220мл вода
Подготовка:
Помешајте го брашното, какаото, пецивото и сода бикарбона. Во посебен сад изматете ги јајцата, шеќерот, ванилата и мајонезот, па додадете ја сувата мешавина. Смесата сипете ја во подмачкан плех, па печете на 170 степени околу половина час. Колачот можете  да го посипете со шеќер во прав или  да го премачкате со чоколадна глазура.Сопственикот на ресторанот и  неговата мајка тврдат  дека мајонезот се однесува како замена за маслото, брашното и  шеќерот и му ја

Пронајдете не на следниве мрежи: