Колку активни мобилни телефони има во Македонија?

Loading...

Во Македонија и стари и млади лица секојдневно користат мобилни телефони. 
Соред Годинешниот извештај на Агенцијата за екелтронски комуникации, минатата година во Македонија имало 2.235.460 активни корисници на мобилни телефони. Оваа бројка покажува зголеменост на користењето на мобилните телефони за еден процент во однос на 2011-та година. 
Според извештајот, лани е регистриран пад во фиксната телефонија за 3,25 проценти. Во овој сегмент вкупниот број корисници бил 408.318.
Бројот на корисници на широкопојасен интернет, не вклучувајќи ги оние на мобилниот интернет,  бил 312.272, што е пораст од 10,59 отсто во споредба со 2011 година. Од нив 156.722 користеле Х-ДСЛ, 106.927 кабелски интернет, оптички 7.880, додека 22.976 биле приклучени преку јавни комуникациски мрежи и 16.877 преку ЛАН мрежи.Приходите на пазарот на електронски комуникации во Македонија лани изнесувале 22,5 милијарди денари што е намалување за 5,26 отсто од претходната година.Македонски телеком има најголем удел во фиксната телефонија со  65,34 отсто, ОНЕ со 15,44, Близу со 8,97, Аикол 4,88 и Неотел 3,95.Во мобилната телефонија Т-Мобиле има пазарен удел од 47,95 отсто, ВИП 28,24 и ОНЕ 23,81 отсто.Повеќе од половина, односно 61,27 отсто се припејд корисници, додека постпејд се 38,73 отсто.Бројот на корисници на интернет преку 2Г и 3Г мрежи е зголемен за 35,44 отсто и изнесува 505.596 корисници. 
Македонците во областа на телевизиските услуги најмногу ги користат услугите на Македонски телеком со 23,92 отсто, пред Роби со 22,10, Близу со 20,26 проценти и ОНЕ со 13,47 проценти. Во Македонија и стари и млади лица секојдневно користат мобилни телефони. 
С

loading...
Loading...