Колку подолго ги оставаме да бидат главни на сцената, толку полошо за сите здраворазумни граѓани

Поради комплетната политичка немоќ и исфрустрираност од неспособноста да делуваат автентично, препознатливо и со сопствена стратегија, СДСМ и „новите револуционери“ тенденциозно ја туркаат земјата во познатата Хобсова предполитичка состојба во која секој секому треба да му е волк, состојба во која треба да се случува војна на сите против сите. И ако се обидеме барем за момент да погледнеме со нивните очи и да им влеземе во нивниот каков-таков ум, ќе успееме да разбереме зошто се толку очајни, зошто се толку празни, од каде им е таа злоба, и што се крие зад сето тоа.Очајникот никогаш немал капацитет, па оттаму ниту волја да се стави во потрага по прогресивни идеи и решенија. Токму затоа бил и останал очајник. Губитникот никогаш не успеал да го види животот со победнички очи. Токму затоа секогаш бил и останал губитник. Злобниот човек никогаш немал позитивна енергија, ниту позитивен дух во себе. Токму затоа бил и останал злобен човек. Празниот ум никогаш не можел да смисли какви било нови решенија, поинакви мислења, и идеи. За креативни и иновативни и да не зборуваме. Токму затоа бил и останал празен човек. Ако се обидеме барем за момент да ја погледнеме македонската политичка реалност од оваа нивна перспектива и диоптрија, ни станува јасно со кого си имаме работа, и зошто е состојбата таква каква што е. Ни станува јасно од каде им произлегува потребата да рушат, да уништуваат, да сквернават, да омаловажуваат, да навредуваат. Многу едноставно. Оваа нивна потреба е, всушност, нивната природна средина, нивниот светоглед, нивниот стил на живеење, нивната ментална матрица. До тука им фаќа умот.
Немоќниот, а посебно исфрустрираниот човек, нема можност да ги види работите од поинаква димензија и перспектива освен од деструктивната. Толку му е нивото. Ова мора да го разбереме како факт ако сакаме да понудиме кура за излез од состојбава на поинаков начин од тој што тие го замислиле. Мораме да понудиме решенија што ќе бидат десетина нивоа повисоко од неколкуте минусни нивоа подолу во кои тие се заглавени, во кои тие живеат, комуницираат и размислуваат, во кои тие уживаат во вуду процесот врз замислените непријатели, замислените криминалци, и замисленото зло што им е на ум да го избоцкаат.
Излезот од овој политички ќорсокак мора да се бара единствено и само во безрезервно дадената граѓанска поддршка за нормалното функционирање на сите државни органи, и на целата држава, почнувајќи од полицијата, армијата, преку судството, и јавното обвинителство на Република Македонија, до Владата, Собранието и претседателот на државата. Големата и масовна граѓанска поддршка за работата на државните органи и институции, за почитување на Уставот и на законите, за почитување на поредокот и на системот, за владеењето на правото, се единствениот излез од оваа проклетија, и наметната агонија.
Поддршката за работата на државните органи ќе значи дефинитивен излез од нивниот филм што насилно ни го пуштаат да го гледаме секој ден, 24/7. Граѓанската поддршка за работата на државните органи е, всушност, онаа другата страна на приказната во која тие се чувствуваат немоќно, во која тие се извлечени на површина како риби на суво. Таа страна не е нивна природна состојба, не е нивен природен амбиент за живот. Токму затоа треба да ги навлечеме на оваа страна, неповолна за нив, и да ги соочиме со правото, со вистинската правда, и со нормалниот државен ред и поредок. Рибите на суво, без конкретна идеја, план и стратегија не можат да опстанат. Донесени на суво, немаат ниту елементарен капацитет да чекаат стратегија смислена од надвор. Колку ќе можат да „преживеат“ во средина што не им е природна? Еден ден, два дена, недела?
Колку подолго ги оставаме да бидат главни на сцената, толку полошо за сите здраворазумни граѓани, толку полошо за државата. Во повеќе наврати ни се покажало дека нивниот филм нема позитивна, напредна и добра фабула за земјата. Токму затоа филмот мора итно да се стопира, итно да се извади лентата од рекордерот, и да се фрли во контејнерот за контаминирани отпадоци.Очајникот никогаш немал капацитет, па оттаму ниту волја да се стави во потрага по прогресивни идеи и решенија. Токму затоа бил и останал очајник. Г

Пронајдете не на следниве мрежи: