четврток, 12 ноември 2026
Најново

Компанијата МАРС поради безбедносни причини ги повлекува од промет производите кои се произведени во фабриката во Холандија – Veghel

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Компанијата МАРС поради безбедносни причини ги повлекува од промет производите кои се произведени во фабриката во Холандија (Veghel) поради сомневање од појава на пластика во МАРС производите.Компанијата МАРС најавува дека на ниво на ЕУ ги повлекува од пазарот производите [SNICKERS®, MARS® MILKY WAY® и CELEBRATIONS®] по пронаоѓање парче пластика во еден од производите.
Производи
Повлекувањето на чоколадите се однесува само на производите кои се произведени во фабриката во Холандија. Ова е изолиран случај кој се однесува само на горенаведените производи кои се произведени во фабриката во Холандија. Ниеден друг тип на чоколади, друго пакување, големина на чоколадите, серија на производство, рок на употреба или производ кој е произведен на други локации не се засегнати со овој случај.
Во согласност со нашиот интерен механизам за следивост, можеме да потврдиме дека MARS South Central Europe нема пласирано на македонскиот пазар ниеден од горенаведените производи.Компанијата МАРС најавува дека на ниво на ЕУ ги повлекува од пазарот производите [SNICKERS®, MARS® MILKY WAY® и CELEBRATIONS®]

Поврзани вести