КРЦКАВ КОМПИР: Ние дознавме во што е ТАЈНАТА, па ви ја пренесуваме и на Вас!

КРЦКАВ КОМПИР: Ние дознавме во што е ТАЈНАТА, па ви ја пренесуваме и на Вас!Состојки:
4-5 средни компири
По вкус сол и бибер
1 лажица вегета
3 лажици пченкарно брашно
По потреба масло
Половина лажица мелен пипер

Подготовка:
Компирот излупете го и измијте го под млаз вода. Исечете ги компирите на кругови, ни девели ни тенки. Внимавајте да бидат со еднаква дебелина.
Исечените компири посолете ги, ставете бибер и вегета и мелен пипер. Додадете 2-3 лажици масло, па сето тоа фино измешајте го да се соедини.
Додадете го пченкарното брашно во компирите па измешајте.
Во сад за печење ставете ги компирите во претходно загреана рерна на 200 степени и печете некои 40 минути. Вие најдобро ја познавате својата рерна па одлучете колку ќе биде доволно. Компирот треба да има убава златна боја.
За да биде крцкав ќе допринесе пченкарното брашно кое го додадовте во него.
Додека е уште топол послужете како прилог на кој било вид на месо.
Добар апетит. Состојки:
4-5 средни компири
По вкус сол и бибер
1 лажица вегета
3 лажици пченкарно брашно

Пронајдете не на следниве мрежи: