Потребно:
– 2 средни главици(300гр) кромид
Смеса за поховање:
– 1 јајце- 90 гр брашно- 100 мл млеко- 1/2 лажиче прашак за пециво- 1 лажица масло- 1/2 лажиче сол- по потреба масло за пржење
1. Најпрво подгответе ја смесата.
2. Во сад ставете ги сите состојки и со вилушка измешајте ги убаво да се изедначат.
3. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер околу 20 мин.
4. Кромидот излупете го, исечете го на кругови од 1cм и секое парче одделете го. Така оформените прстени ставајте ги во смесата и пржете ги на среден оган во поголема количина на масло.
5. Извадете ги на салфетка да го впие вишокот на маснотија и послужете ги топли како прилог на печено месо или скара.
Секако можете да подготвите брз и вкусен сос. Погледнете овде: Потребно:
– 2 средни главици(300гр) кромид
Смеса за поховање:
– 1 јајце- 90 гр браш