Крофни на кои никој неможе да им одолее!

Десерт на кој никој неможе да му одолее.Потребни состојки:
* 150 гр. Брашно
* 250 мл. млеко
* 3 јајца
* прстовет сол
* 1 пакетче ванила
* 60 г. маргарин
* 12 лажички зејтин
Подготовка:
Изматете ги со миксер јајцата заедно со прстофат сол и ванилата. Откако сте ги сматиле додадете го млекото, брашното – измешајте со миксерот и на крајот додадете го стопениот и малку оладен маргарин, повторно измешајте. Ќе добиете смеса слична на палачинки.Во калапите за мафини ставете по една лажичка зејтин и секој калап полнете го со смесата во висина на 3/4 од калапот. Печете ги во педходно загеана рерна околу 15 минути. Се посипуваат со шеќер во прав.
НАПОМЕНА- смесата е ретка како за палачинки. Да не ве збунува ништо – овде нема пециво. Кога ќе се печат ќе забележите дека ќе нараснат. Овие крофни се сосема празни, се посипуват со шеќер во прав, а може да се служат со мармалад.Одлични се!Една доза е доволна за 12 калапи за мафини и секогаш спемам дупла доза. Навистина предобри, а толку лесно за правење.Потребни состојки:
* 150 гр. Брашно
* 250 мл. млеко
* 3 јајца

Пронајдете не на следниве мрежи: