Крсто Асенов- „трет востанички округ“

На 23 мај 1903 година кај селото Градобор на десетина километри од Солун била уништена четата на Атанас Чопката. Четата која броела 16 души била опколена, а борбата траела еден ден. Турците имале еден загинат, од четата еден бил фатен жив додека пак останатите загинале. Четниците откако виделе дека состојбата е безизлезна се самоубиле. Подвојводата Мито од Мутулево најпрво ја скршил својата пушка, а потоа се самоубил со револверот.Подготовките во Кукушко се одвивале под раководство на војводата Крсто Асенов. За денот на востанието било изработено востаничко знаме. Коприната ја купила учителката Милка Ковачева Романова, а знамето било изработено од Рајна Измирлиева, по идејна скица на Мице Измирлиев. Главната база во Кукушко било Арџанското езеро – таму постоеле складови со храна, опрема и колиби за востаниците.
Меѓутоа, кукушките чети биле откриени уште при нивното излегување и морале да водат неколку борби со аскерот. Судири имало кај селото Драгомирци, Крондирци, а Крсто Асенов на 20 јуни 1903 година кај селото Грамадна имал битка во која загинале 13 четници, претежно млади штотуку излезени. Во овој судир загинал и братот на Гоце Делчев, Милан Делчев. По оваа борба четата на Асенов била изложена на нови напади и прогони. Кај Меѓурек дала 12 жртви, а борби таа имала и кај Мутулово, Мурарци и други места.
За да го избегне гонењето четата на Крсто Асенов се сместила кај Арџанското езеро и таму планирала да го дочека денот на востанието. Таму се нашле и четите на Трајко Јотов, Гоце Нисторов и Ѓоно Бигинин и со тоа се формирала поголема четничка групација од околу 110-115 души. Меѓутоа тие биле откриени и дошле во судир со 3 баталјона од 2200 души, а била донесена и артилерија против комитетите. На 23 јули војската се повлекла. По повлекувањето на војската, Асенов со својата чета заминал за II-от востанички округ – Кожув.
 Подготовките во Кукушко се одвивале под раководство на војводата Крсто Асенов. За денот на востанието било изработено востаничко знаме. Коприната ј

Пронајдете не на следниве мрежи: