„Лапни – голтни“: Рафаело куглици

Loading...

„Лапни – голтни“: Рафаело куглициСостојки
½ л млеко
15 лажици шеќер
10 лажици густин
250 гр маргарин
200 гр кокос
2 вреќички ванилин шеќер
3 лажици ликер од кокос (може и без него)
Останато:
200 гр пржени лешници
100 гр кокосово брашно
хартиени кошнички по можност бели
Подготовка:
Густинот и шеќерот помешајте ги да добиете смеса слична како за пудинг.
Млекото сварете го и кога ќе зоврие, тргнете од оган, измешајте со смесата од шеќер и густин, и сварете густа крема. Нека се олади.
Кога ќе се олади смесата додадете изрендан путер и добро промешајте, па додадете го кокосот.
Лесно со мокри раце правете мали куглици, и во средина на секоја ставете од излупениот и испржен лешник. На крајот извалкајте во кокос.
Послужете во хартиени коцкички, откако добро ќе се оладат.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки
½ л млеко
15 лажици шеќер
10 лажици густин
250 гр маргарин
200 гр кокос

loading...