Легализирани 5235 дивоградби во општина Кисела Вода

Продолжува процесот на легализација во општина Кисела Вода. Нови 52 семејства од општина Кисела Вода денес се стекнаа со документ со кој стануваат реални сопственици на својот дивоизграден објект. Со тоа, заклучно со денешниот ден, бројот на легализирани дивоградби се искачи на 5235, односно, општина Кисела Вода по сите превземени мерки за олеснување на процесот на легализација на дивоградбите, има решено 38% од пристигнатите 13 853 предмети. Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат,во овој момент, изнесува 3405. Исто така, изготвени се уште 225 урбанистички согласности, од кои, за 204 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.Со тоа, заклучно со денешниот ден, бројот на легализирани дивоградби се искачи на 5235, односно, општина Кисела Вода по сите превземени мерки за ол

Пронајдете не на следниве мрежи: