Линзи Марк Луис кој е извршен директор на реномираниот американски Институт за прогресивна политика (PPI), а претходно и директор во Демократската партија во САД, во колумна за aмериканскиот The Hill се осврнува на актуелно политичката ситуација во Македонија каде јасно укажува дека време е Заев да го следи патот кон изборите, за кој тој претходно се согласи и дека целиот свет гледа, опозицијата треба да ги слушне повиците кои ги испраќа целиот свет и да учествува на изборите на 24 април пишува Луис.Тој додава дека неподготвеноста на Заев да се придржува на договорот од Пржино, се заканува да ги врати на сцена темните денови на балканската историја како и дека голем број на меѓународни лидери зборуваат против Заев и ги поддржуваат предвидените избори кои треба да се случат во Април.
Зошто треба да се грижиме за претстојните избори во Македонија
Минатата година, во држава која се наоѓа многу далеку, се случи политичка криза. Како резултат на обвинувањата за прислушувани телефонски разговори од страна на Владата, преку насилни демонстрации кои се случија во главниот град на Република Македонија, се бараше оставка на премиерот Никола Груевски.
По недели на хаос и политичка нестабилност, европскиот комесар Јоханес Хан беше испратен од страна на Европската Унија со цел да се дојде до договор и да се стави крај на спорот помеѓу власта и опозициската партија која даваше „гориво“ на немирите кои се случуваа. Како резултат на разговорите, сите лидери на политичките партии го потпишаа договорот од „Пржино“ кој предвиде оставка на премиерот во 2016 година, на 100 дена откако би се одржале слободни и фер избори. Многумина го ословија договорот како победа и го поздравија крајот на неделите со конфликти.
Сепак, внимателно составениот договор сега е под закана. Главната партија во опозицијата, предводена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се заканува со повлекување од изборите, обвинувајќи дека значајни делови од договорот од „Пржино“ не се реализирани. Ова не е само лошо за македонските граѓани кои заслужуваат да гласаат на фер и слободни избори, туку е многу лошо и за европскиот регион, кој се уште се справува со грчката економска криза, како и со тековниот пораст на бегалци од Сирија.
За Македонија овие проблеми се особено зголемени. Како мала континентална нација, која е примерна транзитна зона на беглаците од воените подрачја, како на пример Сирија, Македонија е присилена на несекојдневни мерки за да може да одговори и да се заштити, со оглед на безбедносните и хуманитарните прашања како резултат на кризата и со оглед на тоа што бегалската криза не се намалува.
Од друга страна со политичка нестабилност во регионот, огромниот напредок кој земјата го постигна во обезбедувањето на безбеден транзит на илјадници бегалци, сега е во опасност и претставува закана за Европската Унија како и за државите кои не се дел од Унијата, а кои зависат од македонското водство по однос на ова прашање.
Покрај бегалската криза, неподготвеноста на Заев да се придржува на договорот од Пржино, се заканува да ги врати на сцена темните денови на балканската историја. Пред само неколку декади, масовните етнички убиства и насилните политички конфликти доминираа во јужен Балкан, заканувајќи се да ја загрозат стабилноста на цела Европа.
Можеби токму затоа голем број на меѓународни лидери зборуваат против Заев и ги поддржуваат предвидените избори кои треба да се случат во Април. Меѓународните лидери како потпретседателот на САД Џо Бајден, Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и директорот на ОДИХР, Мајкал Георг Линк ги повикаа политичките лидери да се држат на договор од Пржино, а амбасадорот на САД, Џес Бејли објави соопштение во кои ги повикува сите лидери и организатори да учествуваат на изборите, потсетувајќи дека учествувањето на избори најдобриот начин да се подобрат институциите и да се обезбеди кредибилен процес.
Влијанието на политичката ситуација оди до таму што не е ограничена само на оваа мала земја. Кризата може да се протегне надвор од границите низ Европа и кон другите демократски нации. Опозициската партија во Македонија, треба да ги слушне повиците кои ги испраќа целиот свет и да учествува на изборите кои треба да се држат на 24 април. Значајно е за иднината на економија, за иднината на бегалците, а многу поважно значајно е за иднината на демократијата на Западот.
Време е Заев да го следи патот кон изборите, за кој тој претходно се согласи. Целиот свет гледа.
Линзи Марк Луис- извршен директор на реномираниот американски Институт за прогресивна политика (PPI)
(колумна објавена во The Hill)Тој додава дека неподготвеноста на Заев да се придржува на договорот од Пржино, се заканува да ги врати на сцена темните денови на балканската исто