Ех мори Маре, поминале 2 недели од ко те испратив со Галеб назад за Прилеп, се пулев во автобусот дури замина онде к’ј кривинчено за Велгошти.Немав пари за такси па пешки се вратив назад, врнеше туриваше ама аку, се изводенав дури во гаштиве и еве после 2 недели уште сум туршија, ама не е опасно, ќе ми поминит, секој ден матам ракија за настинкава, ама и да ја заборам твојата мирисба. Слатко мирисаш како Коселскиот вулкан после пролетските дождови. Мораше да се вратиш дека таткоти ти викаше да берите тутуни, ми викаше и ти мене ама не дојдов, имам работа ваму. Еве овие 2 недели веќе 2 пати бев наработа, по 2-3 сати ама многу ми е мака душо вервиме. Пред некој ден бев накафе к’ј другар живит онде к’ј црногорцине, од калој неможев да поминам, ама калојте ме подсеќаа на тебе и на твојата боја на кожата, а оградана к’ј касарнана на твојте заби убави и жолти.
Е Маре, Маре, ти ме збесна, незнам к’ј терам овие дена, пијан сум од љубовта твоја и од ракијана Велгошка од баба. Очите ти се 2 кајчиња а веѓите ти се бранови есенски, телото ти е како Туристичка, право и убаво а газот ти е ко дупкине по туристичка. Глата ти е ко Галичица во Ноември, а косата ти е како снегот на Магаро, носот ти е како угорницине низ Варош а рацете ти се пистана од аеродромон. К’ј и да се свртам све ме подсеќат на тебе, еве надвор се пулам и гледам комшијана влегвит во полскион, па дури то ме подсеќават на тебе, на нашите убави моменти..
Леле Маре, еве дури ти пишам закачив уште едно шише ракија, сега ќе си легнам и ќе сонувам за нас, за тебе к’ј шо бериш тутуни. Сега немам пари да дојдам в’прилеп, ама баба ќе земит ушмалце пензија, па ако не ги испијам ќе дојдам к’ј тебе. Да го видам и Прилеп твој, да не велиш после вака така! Така Маре, поздрав и до таткоти, иако се искаравме преку телефон и го пцуев, се надевам не ми се љутит, ама нашата љубов никој немојт да ја спечит! Ете писмото да мирисат на мене, капнав тро од ракијава…Охриѓани.мкНемав пари за такси па пешки се вратив назад, врнеше туриваше ама аку, се изводенав дури во гаштиве и еве после 2 неде