Македонија – земја на преседани

И во пос­лед­ни­ве де­се­ти­на го­ди­ни, кол­ку што бе­ше ВМРО-ДПМНЕ на власт, го­лем број по­ли­ти­ча­ри и ин­те­ле­кту­ал­ци од до­се­гаш­на­та опо­зи­ци­ја­ ја ко­ри­с­теа  фра­за­та „Ви ре­ков­ме, ама вие не ве­ру­ва­вте“, но во на­ред­ни­от пер­и­од, ре­чи­си си­гур­но, таа ќе би­де ме­ѓу нај­ко­ри­сте­ни­те во по­ли­тич­ка­та де­ба­та. Гра­ѓа­ни­те, за кои ста­бил­но­ста и си­гур­но­ста се се­ко­гаш при­о­ри­тет, са­ка­ат да ве­ру­ва­ат де­ка ова е по­греш­на про­це­на и де­ка ра­бо­ти­те ќе се сре­дат, де­ка СДСМ во но­ва­та вла­да ќе вла­дее со ум и со раз­ум, де­ка ал­бан­ски­те парт­не­ри на За­ев ќе се за­ла­га­ат за европ­ски вред­но­сти и де­ка ќе се за­ла­га­ат за си­те гра­ѓа­ни, ка­ко што се за­ла­га­ат за сво­и­те Ал­бан­ци. Се­пак, по­че­то­кот не ве­ту­ва ва­ква раз­вр­ска.„Ина­у­гу­ра­тив­ни­от го­вор“ на но­ви­от „пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то“ и ми­занс­це­нот во кој тој ја пре­зе­де функ­ци­ја­та спи­кер на пар­ла­мен­тот не ве­ту­ва­ат ста­бил­на и гра­ѓан­ска Ма­ке­до­ни­ја ту­ку но­ви пре­мре­жи­ња во вла­ста и над­вор од неа. Ка­тар­зи­те ќе би­дат при­сут­ни и во ко­а­ли­ци­ја­та СДСМ – ДУИ – Бе­са – Уни­те­ти, но и во ма­ке­дон­ски­от по­ли­тич­ки блок ме­ѓу СДСМ и но­ва­та опо­зи­ци­ја.
За­ев сѐ уште не мо­же да сфа­ти де­ка ал­бан­ски­от ја­зик на Та­лат Џа­фе­ри со кој тој ја пре­зе­де сво­ја­та „функ­ци­ја“ на тра­гич­ни­от ден, че­твр­ток, не е слу­ча­ен из­бор ту­ку ја­сен сиг­нал ка­кви ќе би­дат окол­но­сти­те во но­ва­та вла­да. За­ев не раз­би­ра де­ка Џа­фе­ри и ДУИ не­ма­ат ни­ка­ков ин­те­рес да ра­бо­тат на др­жав­но единс­тво, ако ве­ќе ср­це­то и ге­ни­те не им да­ва­ат да ра­бо­тат на на­ци­о­нал­но единс­тво.
И вто­ри­от сиг­нал што го ис­пра­ти Та­лат Џа­фе­ри не ве­ту­ва де­ка цр­ни­те сце­на­ри­ја се не­ре­ал­ни. По­ста­ву­ва­ње­то на ал­бан­ско­то зна­ме во ка­би­не­тот на но­ви­от та­ка­на­ре­чен пре­тсе­да­тел на пар­ла­мен­тот е ди­рект­но кр­ше­ње на За­ко­нот за зна­ми­ња и на Уста­вот на РМ. Се раз­би­ра, во си­ту­а­ци­ја во ко­ја Ма­ке­до­ни­ја има мно­гу по­го­ле­ми проб­ле­ми од тоа кол­ка­ви и кол­ку зна­ми­ња се ве­ат по ка­би­не­ти и по ули­ци, се­пак овие сиг­на­ли се мно­гу важ­ни за да се де­тер­ми­ни­ра ид­ни­на­та во ко­ја ќе функ­ци­о­ни­ра ма­ке­дон­ска­та ад­ми­ни­стра­ци­ја.
По­ста­ву­ва­ње­то две зна­ми­ња на Ал­ба­ни­ја по­крај ед­но­то ма­ке­дон­ско во ка­би­не­тот на пре­тсе­да­те­лот на пар­ла­мен­тот е ја­сен сиг­нал де­ка единс­твен при­о­ри­тет на ДУИ и на дру­ги­те ал­бан­ски пар­тии е за­до­во­лу­ва­ње­то на нив­ни­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си. И ту­ка, ра­ка на ср­це, не сме­е­ме да се лу­ти­ме за­тоа што се­ко­ја нор­мал­на по­ли­тич­ка пар­ти­ја или нор­ма­лен по­ли­ти­чар, осо­бе­но на Бал­ка­нот, ра­бо­ти за сво­и­те лу­ѓе. Ов­де лу­ти­на­та и гор­чи­на­та мо­же да би­дат упа­те­ни са­мо на тие што доз­во­лу­ва­ат не са­мо да се на­вре­ду­ва ма­ке­дон­ско­то до­сто­инс­тво, да се кр­ши за­ко­нот, ту­ку и да се она­ни­ра јав­но на ста­во­ви­те на сто­ти­ци ил­ја­ди лу­ѓе, кои пред 16 го­ди­ни го при­фа­ти­ја Рам­ков­ни­от до­го­вор, но ни­ко­гаш не­ма да при­фа­тат да би­дат гра­ѓа­ни од втор ред во сво­ја­та единс­тве­на др­жа­ва.
 Нај­те­шко се из­ле­гу­ва од сопс­тве­на­та ста­пи­ца
За жал, сце­на­ри­о­то де­ка не­кој во но­ва­та власт ќе ги спре­чи Џа­фе­ри и дру­ги­те ал­бан­ски по­ли­ти­ча­ри да до­ка­жу­ва­ат кол­ка­ви го­ле­ми Ал­бан­ци се и со тоа да ги ири­ти­ра­ат дру­ги­те е ре­чи­си не­ве­ро­јат­но. За­ев и СДСМ ду­ри и да са­ка­ат се­га не­ма­ат мож­ност да ја за­прат транс­фор­ма­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја сѐ по­мал­ку и по­мал­ку ќе би­де кру­шев­ска, ас­ном­ска или илин­ден­ска. Се­кој обид на За­ев да ги сми­ри на­ци­о­на­ли­стич­ки­те стра­сти на ДУИ и на дру­ги­те ал­бан­ски пар­тии ќе за­вр­ши со не­ус­пех за­тоа што, за раз­ли­ка од СДСМ, кој без нив не­ма ал­тер­на­ти­ва за пра­ве­ње вла­да, ДУИ или не­кој неј­зин пан­дан се­ко­гаш ќе би­дат во по­до­бра по­ли­тич­ка си­ту­а­ци­ја.
Вна­треш­на­та би­тка во ал­бан­ски­от блок до­пол­ни­тел­но ја отеж­ну­ва си­ту­а­ци­ја­та за тие ма­ке­дон­ски на­стро­е­ни чле­но­ви во СДСМ, кои мно­гу бр­зо ќе уви­дат де­ка др­жа­ва­та се дви­жи кон би­на­ци­о­нал­на, ме­сто кон гра­ѓан­ска. Би­тка­та за по­ли­тич­ки оп­ста­нок на ДУИ и бор­ба­та за прев­ласт во до­ми­нант­но ал­бан­ски­те на­се­ле­ни ме­ста во пре­срет на ло­кал­ни­те из­бо­ри не­ма ни за мо­мент да ја по­мрд­нат кам­па­ња­та што ја поч­на ДУИ во Ти­ра­на на пра­вос­лав­ни­от Бо­жик. Оваа на­ци­о­на­ли­стич­ка кам­па­ња во ко­ја мал­ку не­до­сти­га Та­лат Џа­фе­ри да по­ста­ви ал­бан­ско зна­ме и во со­бра­ни­ски­те по­дру­ми, би­фе и то­а­ле­ти се слу­чу­ва во си­ту­а­ци­ја ко­га ДУИ има се­ри­оз­ни проб­ле­ми пред сво­и­те гла­са­чи и за­тоа не тре­ба да се из­не­на­ди­ме што кам­па­ња­та ќе се пре­тво­ри во дол­го­роч­на стра­те­ги­ја за на­мет­ну­ва­ње ал­бан­ски сим­бо­ли, ја­зик, исто­ри­ја и по­ли­ти­ка во си­те сфе­ри на оп­штес­тве­ни­кот жи­вот ка­ков што прет­ход­но Ма­ке­до­ни­ја не ви­де­ла ни­ту во ита­ли­јан­ска­та оку­па­ци­ја ка­де што ба­ли­сти­те би­ле ло­кал­на власт.
Би­тка­та за пре­жи­ву­ва­ње на ДУИ пред на­ле­ти­те на Бе­са и на Се­ла не­ма да за­пре на ло­кал­ни­те из­бо­ри, таа ќе про­дол­жи во го­ди­ни­те пред нас, а за Ах­ме­ти и за дру­жи­на­та единс­твен на­чин за оста­ну­ва­ње на по­ли­тич­ка­та ма­па е да ја ко­ри­стат до ма­кси­мум на­ци­о­на­ли­стич­ка­та ре­то­ри­ка и по­сто­ја­но да до­ка­жу­ва­ат де­ка се нај­го­ле­ми Ал­бан­ци, без при­тоа ни нај­мал­ку да се гри­жат за чув­ства­та на огор­че­ни­те, раз­о­ча­ра­ни и ре­вол­ти­ра­ни ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни. При­фа­ќа­ње­то на Охрид­ски­от до­го­вор, За­ко­нот за те­ри­то­ри­јал­на ор­га­ни­за­ци­ја и „из­бо­рот“ на Та­лат Џа­фе­ри за „пре­тсе­да­тел“ на Со­бра­ни­е­то, и то­ле­ран­ци­ја­та што За­ев и СДСМ ја има­ат за на­ци­о­на­ли­стич­ки­те про­во­ка­ции на ал­бан­ски­от блок, се нај­до­бар сиг­нал де­ка ДУИ тре­ба да ја тур­ка сво­ја­та аген­да без при­тоа да мо­ра да се гри­жи за ма­ке­дон­ски­от дел од гра­ѓа­ни­те.
Нив­ни­от то­вар и се­га и во ид­ни­на ќе го но­си ма­ке­дон­ски­от парт­нер во вла­да­та. За­ев е тој што се­га ќе мо­ра да од­го­ва­ра за нив­ни­те по­стап­ки. Ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни од­го­вор­ност за на­ци­о­на­лиз­мот на Ал­бан­ци­те ќе ба­ра­ат од За­ев, тој ќе мо­ра да да­ва об­јас­ну­ва­ња зо­што вле­та во аван­ту­ра­та од ко­ја се­га не­ма вра­ќа­ње, освен ако не са­ка екс­прес­но да се вра­ти во опо­зи­ци­ја. За­тоа ќе мо­ра да тр­пи и да мол­чи, да го пра­ви тоа што ус­пеш­но го пра­ви со го­ди­ни. Да ка­жу­ва ра­бо­ти што не­ма­ат ни­ка­ква ло­ги­ка, а по­тоа да ги ре­ла­ти­ви­зи­ра и де­ман­ти­ра, да твр­ди де­ка не сме го раз­бра­ле ни­ту сфа­ти­ле. И охра­брен од под­др­шка­та од стран­ци­те да мис­ли де­ка пра­ви до­бро за Ма­ке­до­ни­ја.
Стран­ци­те ле­ги­ти­ми­раа пре­се­дан и тие има­ат дел од од­го­вор­но­ста за ид­ни­на­та
НАТО, САД и ЕУ, од по­зи­ци­ја на гло­бал­ни моќ­ни­ци, во пос­лед­ни­от ма­ке­дон­ски слу­чај ре­ши­ја да под­др­жат пра­вен и уста­вен пре­се­дан, кој не е за­бе­ле­жан ни­ту ме­ѓу мла­ди­те бал­кан­ски де­мо­кра­тии. Нив­на­та по­ли­тич­ка, во­е­на и еко­ном­ска моќ им да­ва пра­во да го „октро­и­ра­ат“ Та­лат Џа­фе­ри за спи­кер иа­ко не­го­ви­от из­бор не ис­пол­ну­ва ни­ту ми­ни­мум кри­те­ри­у­ми за из­бор на фуд­бал­ски тре­нер во гер­ман­ска тре­та ли­га. Со тоа си­те европ­ски и аме­ри­кан­ски ли­де­ри ќе мо­ра­ат да ја пре­зе­мат и од­го­вор­но­ста за ид­ни­на­та на зем­ја­та. Ако се по­вто­ри сце­на­ри­о­то што бе­ше спро­ве­де­но по ко­сов­ска­та кри­за, ко­га и по­крај ве­ту­ва­ња­та за по­мош за­па­дот це­лос­но се пов­ле­че од ме­на­џи­ра­ње­то на кри­за­та, ко­ја во 2001 го­ди­на се пре­тво­ри во конф­ликт, на Ма­ке­до­ни­ја ѝ се за­ка­ну­ва це­лос­но уни­шту­ва­ње. За­пад­ни­те си­ли се тие што ќе мо­ра­ат да ги ре­гу­ли­ра­ат од­но­си­те во но­ва­та ма­ке­дон­ска вла­да за­тоа што е јас­но де­ка „вра­ќа­ње­то на жи­во­тот“ и еу­фо­ри­ја­та од за­ми­ну­ва­ње­то на ВМРО-ДПМНЕ од др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции ќе трае ма­кси­мум не­кол­ку ме­се­ци. Ако за­па­дот не се ин­вол­ви­ра ди­рект­но во ме­на­џи­ра­ње­то на ба­ра­ња­та на Се­ла за фе­де­ра­ли­за­ци­ја, на Бе­са за комп­лет­на транс­фор­ма­ци­ја на зем­ја­та и, оп­што, во амор­ти­за­ци­ја на ба­ра­ња­та на Ал­бан­ци­те од но­ва­та власт, јас­но е де­ка Ма­ке­до­ни­ја сѐ уште не ни поч­на­ла да из­ле­гу­ва од кри­за.
Та­лат ка­ко во­вед во ре­фе­рен­ду­мот за име­то
На­ја­ва­та на За­ев де­ка еден од при­о­ри­те­ти­те на но­ва­та вла­да ќе би­де про­ме­на на име­то, од­нос­но ре­ше­ние на спо­рот со Гр­ци­ја, е до­во­лен ар­гу­мент се­кој, па ду­ри и нај­го­ле­ми­те си­ли, да се уп­ла­шат од раз­во­јот на на­ста­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја, со мож­ност за дол­го­трај­на не­ста­бил­ност во ре­ги­о­нот. Пре­се­да­нот што ЕУ, НАТО и САД го на­пра­ви­ја со Џа­фе­ри ка­ко спи­кер на Со­бра­ни­е­то ќе би­де од осо­бе­на важ­ност ко­га За­ев на ма­са ќе ста­ви ре­фе­рен­дум за про­ме­на на име­то, а тој не­ма да би­де при­фа­тен од мно­зинс­тво­то ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни. Да­ли и то­гаш ме­ѓу­на­род­ни­от фа­ктор, ко­ри­стеј­ќи ја сво­ја­та су­ро­ва моќ, а трг­ну­вај­ќи од сво­и­те ин­те­ре­си за за­тво­ра­ње на грч­ко-ма­ке­дон­ски­от спор во не­ста­бил­ни­от ре­ги­он, на­си­ла ќе ре­че де­ка 42 про­цен­та од гра­ѓа­ни­те што се за про­ме­на на име­то се по­ве­ќе од, на при­мер, 58 про­цен­ти, кои се про­тив тоа? Ка­ко што се­га ре­ши­ја де­ка 59 пра­те­ни­ци се по­ве­ќе од до­вол­но за из­бор на нов пар­ла­мен­та­рен спи­кер иа­ко Уста­вот на­ла­га ми­ни­мум од 61 пра­те­ник, од­нос­но 50 про­цен­ти, плус еден. По­ли­тич­ко­то на­силс­тво на го­ле­ми­те си­ли врз ма­ли­те зем­ји не е не­поз­на­то ни­ту во со­вре­ме­на­та европ­ска и свет­ска исто­ри­ја ни­ту во исто­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја. Тоа што во мо­мен­тов ѝ се слу­чу­ва на Ма­ке­до­ни­ја е по­дра­ма­тич­но за­тоа што за­пад­ни­те си­ли не се ни оби­доа да да­дат не­ка­кво прав­но тол­ку­ва­ње. Со тоа тие ди­рект­но го пре­кр­ши­ја прин­ци­пот на вла­де­е­ње на пра­во­то за кое тол­ку мно­гу се за­ла­га­ат и со кое се гор­де­ат. Во ма­ке­дон­ски­от слу­чај, слич­но ка­ко и со пре­су­да­та на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та во Хаг, за­пад­ни­те парт­не­ри на Ма­ке­до­ни­ја ќе има­ат се­ри­оз­ни проб­ле­ми да об­јас­нат зо­што се отка­жаа од еден од сво­и­те нај­важ­ни прин­ци­пи.
Ид­на­та опо­зи­ци­ја со свои це­ли
И без ид­ни­те че­ко­ри на но­ва­та ма­ке­дон­ска опо­зи­ци­ја, со­стој­ба­та во зем­ја­та е до­вол­но комп­ли­ку­ва­на, но За­ев не смее да се на­де­ва де­ка ВМРО-ДПМНЕ ќе го жа­ли и ќе му по­ма­га да оста­не на власт за­тоа што тој, ре­чи­си е из­вес­но, ќе вле­зе во проб­ле­ми до гу­ша со сво­и­те ал­бан­ски парт­не­ри. За оче­ку­ва­ње е де­ка ВМРО-ДПМНЕ по сто­те де­на од вла­де­е­ње­то на СДСМ ќе го иско­ри­сти исти­от ре­цепт што го ко­ри­сте­ше За­ев. По­сто­јан при­ти­сок, бло­ка­ди, бој­кот, ду­ри и ва­де­ње „бом­би“, кои не мо­ра да би­дат во ау­ди­о­фор­мат. Ко­ри­стеј­ќи ги пре­се­да­ни­те во по­ли­тич­ки­от жи­вот во пос­лед­ни­ве шест-се­дум го­ди­ни, ВМРО – ДПМНЕ ќе има це­лос­но пра­во од пр­ви­от ден во опо­зи­ци­ја да ба­ра пред­вре­ме­ни из­бо­ри и, дру­ги и ако ги за­гу­би пр­ви­те, да про­дол­жи да ба­ра но­ви, сѐ до­де­ка не се вра­ти на власт. Во оваа би­тка, сле­деј­ќи ја ма­три­ца­та по­ста­ве­на од За­ев, сѐ ќе би­де доз­во­ле­но и сѐ ќе би­де ле­гал­но.
Преземено: republika.mk„Ина­у­гу­ра­тив­ни­от го­вор“ на но­ви­от „пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни&s

Пронајдете не на следниве мрежи: