Македонски стриптизер: Преку ден сум во канцеларија, а ноќе се соблекувам за пари

Има триесетина години, некаде околу пет години игра и се соблекува исклучиво по приватни (домашни) забави, најчесто момински вечери, а за да го заштити, како што вели, пред се, семејството, одговара исклучиво на уметничкото име Дени.Вели, почнал случајно. На една журка танцувал и понесен од атмосферата, но првенствено шегувајќи се со присутните девојки, соблекол дел од гардеробата. Комплиментите стигнале брзо, но и сугестиите дека не е лошо да почне да го прави истото и за некој денар. Признава, се почесто почнал да размислува, а заради подобар живот и дополнителна заработувачка – одлуката брзо била донесена. Дени станал стриптизер, пренесува Вечер.
Знаел да игра, но не и да се соблекува, па учел од филмови, Интернет, но и од еден свој пријател, кој пред него бил во “бизнисот”. Вели, имал среќа да учи од најдобриот, па затоа сега му немало рамен.
-Отсекогаш ме привлекуваше танцувањето по дискотеки, па некако тоа со текот на времето го заменив со соблекување. Пресуден момент беше финансиската ситуација. Парите беа првиот фактор, па после се останато – забава и дружење со припадничките од понежниот пол. Се почна случајно, на еден роденден кога ме понесе музиката и јас спонтано ја соблеков маицата. Девојките изреагираа, а атмосферата беше одлична. Една од девојките ми дофрли – ти си роден за ова, јас само се насмевнав и на шега и реков дека идејата не и е лоша. Кога размислив и направив математика, излезе и дека навистина беше далеку од лоша. Дојде првата моминска вечер, па втората, третата… Со ова се занимавам околу пет години, иако во последно време се поретко, затоа што се чувствувам како Бетмен – дење една работа, што би се рекло нормална, културна… Ноќе ставам маска и приказната добива поинаква димензија. Тешко е да се живее двоен живот, а тука е и семејството. Моите знаат со што се занимавам, а единствената работа која ми ја рекле е – памет во глава!”, вели Дени, кој открива дека еден настап му трае четириесетина минути.

 
-Некогаш играм два пати по 20 минути, а некогаш и нема пауза, се зависи од девојките. Инаку, се соблекувам до танга и ништо повеќе од тоа. Сепак, мала земја сме и колку и да се криеме, секогаш ќе се појави некој кој може да те препознае. Не се срамам од ова што го работам, но средината во која живееме е далеку од отворена и слободна, барем јавно, па не сакам да ги ставам домашните на ѕидот на срамот. Искрено, и девојките помалку се опуштаат доколку забавата се случува во истиот град во кој живеат. За настапите посебно не се подготвувам, освен ако нема некое барање, иако најчесто барањата се во однос на гардеробата, па сум морнар, полицаец, продолжува приказната на Дени, кој вели дека редовно е во теретана, затоа што токму добриот изглед е неговото најсилно оружје.
Вели, за наши стандарди добро заработувал и од конкуренцијата не се плашел, затоа што, всушност, ја немал.
-Сега засега ми нема рамен, затоа што имав добар учител, а низ годините научив и добро да владеам со ситуацијата, иако поголеми непријатности сум немал. Имало ситуации во кои можеби малку и се претерало, но најчесто додека трае настапот не се бранам и им дозволувам на девојките да се опуштат и да се забавуваат максимално. Сепак, за тоа и сум платен. Но, после настапот одам дома и тука завршува се. Нормално, живо суштество сум и имало ситуации во кои ми било тешко да го исконтролирам нагонот, но успевам да се контролирам и да го сокријам тоа со самата помисла дека сум дојден да ги забавувам девојките, кои треба убаво да си поминат и тука завршува се, раскажува ова симпатично момче, кое доколку го видите дење, нема ниту да помислите дека во себе крие “ѕвер” кој се буди штом падне мрак.Вели, почнал случајно. На една журка танцувал и понесен од атмосферата, но првенствено шегувајќи се со присутните девојки, соблекол дел од гардероб

Пронајдете не на следниве мрежи: