Жртвите се јавувале на огласи за мeдицински истражувања и не ни знаеле дека вакво нешто би можело да им се случи.Јапонската полиција уапси престапник кој дрогирал и злоставувал повеќе од 100 жени, кои верувале дека учествуваат во медицински истражувања, јави АФП.
Детективите објавиле дека Хидејуки Ногучи (54), објавувал огласи во кои барал волонтери за „клинички истражувања за мерење на крвен притисок при спиење“, на кој се јавувале жени. Се верува дека тој ги доргирал со седативи и потоа ги злоставувал.
Тој ги снимал, па видеата ги објавувал на интернет и им ги продавал на производителите на порно филмови. Наводно, тој заработил околу 85.000 долари на тој начин.
Гласноговорникот на полицијата вели дека се потврдени 39 случаи на силување, но се верува дека тоа е само еден мал дел и дека постојат преку 100 жртви кои се нашле во канџите на овој манијак.Јапонската полиција уапси престапник кој дрогирал и злоставувал повеќе од 100 жени, кои верувале дека учествуваат во медицински истражувања, јави А