Марамите во коса можат да бидат совршен дел од вашиот имиџ

Во случај да сте заборавиле, да ве потсетиме! Марамите се одличен аксесоар за коса. Со нивна помош може да постигнете секаков изглед, од слатко до секси. Ви предложуваме неколку интересни идеи за фризури со марама.
Марама и пунџа за женственост
Врзете ја косата во неуредна пунџа. Потоа врзете ја марамата така што врзаниот јазол ќе го поставите на врвот на главата. Зацврстете ја фризурата со неколку шноли.

Рок девојка
Извиткајте ја косата во брановити кадрици. Свиткајте ја марамата во триаголна форма, потоа превиткајте ја неколку пати во зависност од тоа колку сакате да биде широка. Поставете ја марамата на челото врзувајќи ја во задниот дел од главата. Зацврстете ја со шноли.

Ретро изглед
Врзете ја косата во ниска пунџа. Превиткајте ја марамата како триаголник и поставете ја на вашата коса така што краевите на триаголникот ќе дојдат напред. Едниот крај извлечете го под другите два, а потоа другите два краеви врзете ги во јазол на врвот на главата.

Хипи девојка
Извиткајте ја косата во брановити кадрици или врзете ја во неуредна пунџа. Потоа врзете ја и марамата, може да ја превиткате неколку пати, всушност, колку понеуредно, толку повеќе го доловувате изгледот.

Слатка и романтична
Врзете ја косата во коњско опавче или извиткајте ја брановито. Извиткајте ја марамата, но гледајте да биде што потенка. Потоа врзете ја со панделка на страна.

Не ги заборавајте марамите, можат да бидат совршен моден детал од вашиот имиџ.
 Во случај да сте заборавиле, да ве потсетиме! Марамите се одличен аксесоар за коса. Со нивна помош може да постигнете секаков изглед, од слатко до

Пронајдете не на следниве мрежи: