Marca: Пандев гласал за Мурињо, а неговиот глас заминал кај Дел Боске

Loading...

Капитенот на фудбалската репрезентација на македонија, Горан Пандев, се наоѓа на насловните страници во шпанските медиуми, поддржувајќи го Жозе Мурињо, кој минатата недела изјави дека гласањето на ФИФА за играч и тренер на годината било наместено.„Гласав за Мурињо, Мурињо засекогаш. Но чудни работи се случија“, ја пренесува изјавата на Пандев тиражната „Marca“.Според ФИФА, Пандев гласовите за тренер на годината им ги доделил на Винсенте дел Боске, Роберто Манчини и Јирген Клоп.„Му се јавив на Мурињо и му реков дека како капитен на Македонија гласав за него, што се случувало потоа не знам“, рекол играчот на Наполи.Инаку Пандев не е единствениот кој последните денови се изрази сомнеж во регуларноста на изборот кој го спроведе ФИФА, претходно тоа го сторија самиот Мурињо, но и португалскиот репрезентативец Пепе и селекторот на Габон Паоло Дуате.Горан Пандев под водство на Мурињо, како играч на Интер ја освои титулата во Лигата на шампиони.
МакфаксКапитенот на фудбалската репрезентација на македонија, Горан Пандев, се наоѓа на насловните страници во шпанските меди

loading...
Loading...