Маринирани пиперки во тегла – на македонски начин!

Маринирани пиперки во тегла – на македонски начин!Состојки:
50 црвени меснати пиперки
250 мл масло
250 мл оцет
1 рака сол
1 рака шеќер
2-3 главици лук
2 снопчиња магдонос
1 кессичка бибер во зрно
Припрема:
Пиперките испечете ги, излупете ги, но извадете им ги само рачките, одтавете ги цели. Маслото, оцетот, солта и шеќерот ставете ги да зовријат во поголемо тенџере. Кога маринадата ќе зоврие додадете ги пиперките малку да се пропржат во маринадата на тивок оган и не ги мешајте, туку само протресувајте го тенџерето.
Максимум десетина минути маринирајте ги пиперките. Лукот ситно исечкајте го и помешајте го со исецканиот магдонос и биберот во зрно. Кога малку ќе се изладат пиперките, ставете ред пиперки па врз нив од лукот и магдоносот, па повторно пиперки и се така по ред. Полијте со маринадата и оставете ги теглите отворени во текот на ноќта. Наутро дополнете со преостанатата маринада во теглите, затворете и чекајте ја зимата.Состојки:
50 црвени меснати пиперки
250 мл масло
250 мл оцет
1 рака сол
1 рака шеќер

Пронајдете не на следниве мрежи: