Мариово: Се дешифрира тајна врежана во карпа пред 16 века

Се дешифрира тајна врежана во карпа пред 16 века!Ќе се дешифрира реткиот натпис врежан во карпа на левиот брег од реката Црна при влезот во Скочивирската Kлисура, најави Зоран Алтипармаков, виш конзерватор и архитект од битолскиот Завод и музеј. Иако овој петрографски споменик и претходно ~ беше познат на научната јавност, изминатиот период никој не го одгатнал. Реткиот натпис од карпата зафаќа површина од еден и пол метар во должина и еден метар и десет сантиметри во ширина. Од она што може да се види писмото, меѓу другото, содржи симболи на крст и Богородица оранс, односно фигура со раширени раце. – Министерството за култура издвои средства за да се направи теренски увид, натписот да се исчисти, се повика стручно лице за да го дешифрира, па следните месеци ќе имаме одговор што пишува на карпата. За во иднина останува да се направи одливка за заштита од атмосферски влијанија – вели Алтипармаков. Според првичните процени се смета дека натписот е од 5 век, но за попрецизно определување неопходно е да се прочита текстот. – Писмото содржи енигми што треба да се решат. Такви споменици сме наоѓале во Херкалеја и во некои други битолски села. Најчесто биле од рангот на надгробни споменици или почесни споменици за истакнати граѓани, па очекуваме и натписот да е меѓу овие категории – изјави Весна Kалпаковска, доктор по класична филологија и специјалист по епиграфика. 
Kарпата е оддалечена еден километар од село Скочивир, а 50 километри од Битола. Местото е тешко пристапно, веднаш до течението на реката, па стручниот тим морал да направи скеле за да стигне до карпата. Се претпоставува дека токму непристапноста го зачувала натписот со векови. 

– Можно е низ вековите текот на реката Црна во тој дел да се променил. Очигледно е дека при некоја поплава имало нанос на земја, која го кренала нивото на реката и таа почнала да избива од другата страна и на тој начин се приближила до натписот. Низ вековите тоа предизвикало одронување на карпите и натписот се приближил до самата река – додава Алтипармаков. Експертскиот тим смета дека е неопходна заштита на споменикот зашто карпата се рони под влијание на атмосферските влијанија. – Временските услови ја оштетуваат и површината, па така во 2004 година кога ја фотографиравме карпата, писмото беше појасно отколку сега – велат од Заводот. Во стручниот тим беа вклучени и конзерваторот Тони Николовски и археологот во пензија Гордана Филиповска-Лазаровска.
НЕКОЈ ГИ УНИШТУВА СИМБОЛИТЕ ВО МАРИОВО
Освен во Скочивир, експертите пронашле и други камења и карпи со ретки натписи и симболи низ мариовскиот крај и во други околни села, пред с`, во Тепавци, Веле Село, Паралово, Брод. Но, некои веќе се уништени. – Видовме дека некои од нив намерно се уништуваат. Некои беа удирани со камења за да се оштетат, а претходно не беа дешифрирани. Наидувавме и на траги од диви копачи кои оперирале на тие простори, па дел од натписите беа уништени. Мариово е крај со многу симболи кои треба да се доистражат – вели Алтипармаков.
ДневникЌе се дешифрира реткиот натпис врежан во карпа на левиот брег од реката Црна при влезот во Скочивирската Kлисура, најави Зоран Алтипармаков, виш ко

Пронајдете не на следниве мрежи: