„Овде не станува збор за правата на хомосексуалците на брак, туку за тоа институцијата и бракот како таков, односно семејството – да се демонтираат! Семејството не треба понатаму да постои во класичен облик“.Хомосексуалната активистка Маша Гесен, која е и новинар, руски писател и поранешен директор на руското издание „Радио Слобода“, која, како што и самата тврди, има и американско државјанство, на јавноста ѝ ги претстави плановите, односно реалните борби за воведување на истополови бракови.
За време на една дискусија во Сиднеј, во еден момент таа признала дека целта на оваа „војна“ не е борба на лезбо и геј популацијата за добивање еднаквост во општеството, туку дека зад сето тоа стои полна демонтажа на семејството!
-Борбата на хомосексуалците „за брак“, обично го крие она што планираме да го направиме со бракот помеѓу сопружниците кога ќе ја постигнеме целта. Приказните за тоа дека институцијата на семејството нема да претрпи никакви промени, не се вистинити.
Гесен верува дека оваа институција мора да се промени.
– Според моето мислење, воопшто не би требало да постои. Таа додала и дека многу ѝ се допаѓа земањето учество во создавањето митови чија цел е поинаква од вообичаената.
За да ја илустрира потребата од елиминирање на семејството, таа како пример го навела нејзиното „семејство“, каде што три деца имаат петмина возрасни родители, коишто ги одгледуваат.
Според нејзините проценки, „петте родители се поделени на две групи од по три“ (?!).
Понатаму, Маша Гесен вели дека „сака да живее во таков правен систем кој ќе има способност да ја легализира таа реалност, така што ќе се коси со институцијата на бракот и семејството“.Хомосексуалната активистка Маша Гесен, која е и новинар, руски писател и поранешен директор на руското издание „Радио Слобода“, која, к