Министерство за труд и социјална политика: Мила Царовска се обиде да ја манипулира јавноста со низа изречени полувистини и лаги

Реакција на изјавата на претседателот на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска, дадена за медиумите на ден 23.7.2016Министерството за труд и социјална политика реагира во врска со ставовите изнесени за медиумите од страна на претседателот на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ:
Мила Царовска денес се обиде да ја манипулира јавноста со низа изречени полувистини и лаги. Сакаме да истакнеме дека се спроведуваат низа на мерки и проекти кои видливо и помагаат на оваа категорија на граѓани и чии резултати се видливи.
-Кога се говори за зголемување на социјалната парична помош и постојаната парична помош секогаш се пресметува процентот на зголемување во просек и тоа се однесува и на социјалната и постојаната парична помош. Нашите бројки се вистинити и СДСМ не може да го избегне фактот дека просечната социјална парична помош во 2006 изнесувала   2900 денари  а во 2016 изнесува 4927 денари.  За 68% беше пониска социјалната помош во време на владеење на СДСМ. Во 2006 постојаната парична помош  изнесувала   3695 денари  а во 2016   изнесува 6228 денари   тоа е зголемување 68,5%  
-Понатака  го зголемивме правото на помош и нега од друго лице за 32,7%,го зголемивме паричниот надоместок за згрижување на деца без родители и родителска грижа. Во зависност од категоријата во 2006 година изнесуваше помеѓу 6.500 денари и 8.500 денари. Висината на паричниот надоместок во 2015 година го зголемивме за 25% и изнесува помеѓу 8.125 денари и 10.625 денари-Спроведовме отпис на долгови за социјално ранливите категории. Во рамките на овој проект на 14.000  добија  отпис на долгови, односно отпишан е долг во износ од 1.798.493.393 денари.
-Овозможивме поголема финансиска помош преку обезбедување на условен паричен надоместок за средно образование, кој се исплаќа за ученици кои редовно посетуваат настава и се од домаќинствата корисници на социјална парична помош.
-Воведовме  субвенционирање на потрошувачката енергија – секое семејство на корисниците на социјалната помош секој месец добива неповратни финансиски средства за покривање на дел од трошоците за потрошена енергија
-Донесена беше мерка за вработување на 1.600 лица во јавната администрација од социјално загрозените семејства
-Беа ослободени  корисниците на социјална и постојана парична помош од плаќање на радиодифузна такса.
-Овозможивме пакет мерки за помош и поддршка на децата без родители и родителска грижа, воведовме нови права за лицата со инвалидност. Овозможивме бесплатно летување и зимување за над 12.000 деца од семејства во социјален ризик.
-Воведовме право на додаток на слепило кое изнесува 7.000 денари потоа право на додаток на мобилност во износ од 7000 денари е во воведено  за лица со 100% телесен инвалидитет кои самостојно користат инвалидска количка со навршени 26 години, лица со квадриплегија или со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој кои користат инвалидска количка со придружник. Исто така воведовме право на паричен додаток за глуви лица во висина од 4.000 денари.
-Го зголемивме  посебениот додаток за материјално необезбедени родители на деца со пречки во развојот за 25%
 Ова се дел од проектите кои ги реализираме за лицата во социјален ризик и со кои реално им се помага. Мила Царовска говори без аргументи и во насока на здобивање на политички поени за нејзината партија.Министерството за труд и социјална политика реагира во врска со ставовите изнесени за медиумите од страна на претседателот на Комисијата

Пронајдете не на следниве мрежи: