И до ден денес се водат големи дебати околу атентатот на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди. Имено, поддржувачите на теориите на заговор ја актуелизираат појавата на човек кој носи чадор на сончево време и кој се појавува на неколку фотографии.На едно од видеата се гледа како човекот го отвора чадорот и го крева високо над главата кога лимузината на Кенеди му се приближила. Во моментот кога лимузината ја намалува брзината, тој го врти чадорот во насока на стрелките на часовникот, а потоа се слуша истрел.
Овој неверојатен детаљ е забележан неколку децении откако се случил атентатот на претседателот на САД.
Човекот со чадорот по атентатот се наоѓал на тротоарот, покрај знакот за „Stemmons Freeway“.Потоа, станал и тргнал кон училишниот магацин за книги, каде се наоѓал стрелецот Ли Харви Освалд. Вистинскиот идентитет на човекот со чадорот никогаш не бешее откриен. Неговите движења се прикажани во повеќе филмови кои се занимаваат со теориите на заговор во врска со атентатот на Џон Ф. Кенеди, вклучувајќи го и филмот на Оливер Стоун.
Во 1978-мата година, по жалбата на американскиот Одбор за атентат, човек со име Луи Стивен Вит, ненадејно се појавил тврдејќи дека токму тој е човекот со чадорот.
Тој рекол дека го донел чадорот за да може да му дофрла на Кенеди.
Погледнете го видеото и донесете си сами свое мислење дали зад атентатот на Кенеди се крие нешто повеќе:
На едно од видеата се гледа како човекот го отвора чадорот и го крева високо над главата кога лимузината на Кенеди му се приближила. Во моментот ко