МОДНИ ГРЕШКИ кои ги прават девојките со поголеми облини!

Добриот стил нема врска со големината, но има со вкусот, па така најдобро би било да го носите она во кое се чувствувате најдобро, но сепак, би било добро да внимавате на овие грешки за да не привлечете негативно внимание и коментари…1. Носите нешто што не ви прилега воопшто, само колку да се вклопите во светот на модата
Ако не сте свесни за обликот на своето тело (не е исто телото во форма на „крушка“ и форма на „јаболко“) и ги игнорирате сите модни правила сметајќи ги за смесни, можете да завршите со изглед кој не ви прилега. Без разлика дали се работи за хоринзонтални линии, прекратко фустанче или нешто трето – никогаш не е добра идеата да се носи нешто што е во мода или пак ако само сакате да покажете дека знаете кои трендови моментално се „ин“. Се разбира, понекогаш е дозволено, но ако вашиот плакар се состои од повеќе такви парчиња облека, облека која ви се допаѓа но не ви стои добро, време е за промена девојки! Што се однесува на трендот, подобро фокусирајте се и земете ги модните додатоци но не облеката. Кога станува збор за неа, држете се до проверени кроеви и материјали.
2. Целосно го покривате телото
Една од најчестите грешки на девојките со облини е да го кријат телото во пошироките парчиња облека. Иако вие мислите дека ќе го сокриете вишокот, со лошо кроената облека, вие само ја истакнувате дополнително вашата фигура, па ќе изгледате поголема отколку што сте! Прифатете ги своите облини и пронајдете облека со ваша величина, која нема да биде ниту поголема, ниту пак помала, туку убаво да паѓа на вашите облини. Правилната величина и кројот можат навистина да направат чуда што се однесува до визуелниот контакт.
3. Не се откажувате од црната боја
Само затоа што во црната боја изгледате послабо, не значи дека целата гардероба мора да ви биде во таа боја. Да, црната навистина прави визуелно да изгледате потенки, но не прави чуда и поради тоа ги одбегнувате другите бои кои можат навистина да ви стојат одлично. Испробајте ги и другите нијанси како темно црвената, морнарско плавата, темно сивата и посветлите бои и внесете малку разиграност во вашата облека и вашиот живот. Доколку имате пошироки колкови, облечете темни панталони и бела маичка, или обратно доколку проблематична зона ви е стомакот. Добра опција се модните додатоци како ланчињата, обетките, алките, ташните или обувките во боја кои привлекуваат внимание. Но не претерувајте и со нив. Уметноста е доблест.
4. Носите маички со многу кратки ракави
Не мислиме дека полничките девојки не смеат да носат маички со кратки ракави, но имајте во предвид дека сите ракави не се исти. Под „многу кратки ракави“ мислиме на оние „cap“ ракави, кои се навистина кратки и ги прикриваат само рамената. Всушност таквиот крој на ракав само ја проширува раката и прави да изгледа поголема, така да избегнувајте ги овие маички или фустанчиња со такви ракавчиња. Ракавите нека бидат од прилика 15-ти сантиметри долги.

5. Станувате роб на големината
Големината може да биде голема психичка бариера, но во денешно време можете да ја игнорирате бидејќи постои толку избор на облека и варијации во величините што повеќето од нас има широк распон на величини во својот плакар. Не вбројувајте се во одредена величина да не се доведете во ситуација каде упорно се обидувате да влезете во нешто што е „кнап“ и „пука“ на вас, бидејќи сигурна сум дека не би купиле ни премали патики само затоа што ги пишува бројот кој вие го носите. Имајте ги во предвид различните материјали, кројот, ликрата и секогаш проверувајте како ви стои поголемиот или помалиот број кој го носите и видете кој најдобро ви стои и одлучете.
6. Носите хеланки
Кога ги носите под кратко фустанче или подолга туника – може да поминат, но тие не се замена за панталони. Освен тоа, хеланките не ја затегаат ногата, туку напротив го прават спротивното – го нагласуваат секој мал детал. Добро кроените панталони секогаш изгледаат подобро на девојките со облини отколку хеланките! Затоа повторуваме девојки – хеланките не ги носете како панталони!
7. Големи гради
Ако не сакате да го носите градникот, потполно ве разбирам. Во многу случаеви, градниците се неудобни и со нив воопшто не се чувствувате слободно. Но, поголемите гради изгледаат многу подобро кога се прибрани, сепак, замислете крупна девојка со големи гради и без градник, па…навистина би изгледало невкусно. Кога сме веќе на оваа тема, многу е важно да го одберете вистинскиот. Не купувајте градници кои се мали, со плитки корпи бидејки таков градник за ништо нема да ви послужи, бирајте градници кои имаат длабоки корпи и кои ќе ви бидат пријатни за носење.
8. (Не) носите обликувана долна облека кога купувате
Обликуваната долна облека со генерации е популарна кај девојките со облини. Ако имате навика да носите корсет или го носите само во свечени прилики – мора да водите сметка за тоа дека треба да го носите кога барате фустан за таа пригода. Така ќе видите како всушност ви стои тоа парче облека. Истото важи и за некоја гардероба која не планирате да ја носите со корсет – тргнувате на шопинг без него, го купувате фустанот и дома непријатно ве изненадува како ви стои без корсетот!1. Носите нешто што не ви прилега воопшто, само колку да се вклопите во светот на модата
Ако не сте свесни за обликот на с

Пронајдете не на следниве мрежи: