МОРНИЧАВО: Пред да ја задуши ќерката со ќеса, Тања на Фејсбук напишала…

Тања Л. (37), која е осомничена за убиство на своето 8-месечно бебе, со месеци наназад на својот Фејсбук профил пишувала статуси што укажувале на семејни проблеми. Таа често се жалела на својот 18 години постар сопруг и го обвинувала дека ги оставал неа и бебето да гладуваат.Судејќи според напишаното на профилот, минатата година живеела во среќен брак, а во јуни започнале нејзините изливи на незадоволство. Се жалела дека сопругот ја изневерува, дека ги злоставува неа и детето и побарала некој да реагира.
Сето тоа се одигрувало во Свилајнац, кадешто живеела со сопругот. Меѓутоа, пред извесно време Тања одлулила да се врати кај мајка си во Белград.
Според најновите информации, бебето требало да биде кај таткото. Но, во станот на Врачар била пронајдена гневната сопруга, со рани по вратот и рацете. Дури еден ден подоцна било пронајдено телото на бебето во ќеса на балкон.
Резултатите од обдукцијата ќе покажат како дошло до смртта, а постојат сомневања дека бебето било удавено со ќеса, иако не се исклучува и смрт со труење. Вишиот суд Белград, во петокот ѝ одреди мерка притвор од 30 дена.
Во продолжение може да прочитате дел од напишаното на Фејсбук:
„Ајде Лакиќи, дојдете да ја спасите сестрата од манијаци и педофили. И детето ми е загрозено.“
„Замисли каков е тој човек Плацида и кој за жал е мој сопруг. Си замина од дома, избега, остави празен фрижидер и мене болна и сама со дете во ова село во кое никого не знам и тоа без динар. Со бебе кое урла од глад и замина некаде да се забавува. И баш му е гајле за детето, а вели дека е грижлив татко.“
„Не ми е јасно дали е нормално ако на жената не ѝ е добро и не може по оваа горештина сама да седи дома и да чува дете, мажот или таткото на детето наместо сам да се понуди да ѝ помогне тој вика полиција да ја тужи дека е болна и прави сра*а затоа што од него очекува да остане дома за да ѝ помогне. Кој тука не е нормален?“
Судејќи според напишаното на профилот, минатата година живеела во среќен брак, а во јуни започнале нејзините изливи на незадоволство. Се жалела дек

Пронајдете не на следниве мрежи: