МВР:Спасовски да даде отчет за незаконските распоредувања и кршењето на законите

Оливер Спасовски уште еднаш покажа елементарно непознавање на законските прописи кои се однесуваат на вработените во Министерството за внатрешни работи, реагираат од Министерството за внатрешни работи на денешната прес-конфренција на Оливер Спасовски.Но тоа е прилика да му објасниме дека вработените во МВР и кога се на боледување земаат плата во цел износ. Покрај елементарното непознавање на прописите, ќе го потсетиме дека самиот е осомничен за кривично дело „неизвршување на судска одлука“. Наместо со креирање на афери треба да даде отчет пред јавноста за незаконските распоредувања и за грубото кршење на одредбите од Законот за внатрешни работи во кој е утврден системот на кариера.
Треба исто така да даде отчет пред македонските граѓани за природата на неговите контакти со познатиот криминалец познат под прекарот Чауш, за природата на контактите со лице осомничено за кривично дело „убиство во обид“ и за креирањето на многуте афери со кои нанесе голема штета на Министерството за внатрешни работи.
Оливер Спасовски денеска со обидот за груба манипулација на јавноста покажа дека тој и неговата партија имаат намера да продолжат да ги разоруваат институциите во овој случај со незаконски располагања со лични податоци злоупотребувајќи ги во политички цели.
Оливер Спасовски ќе остане запаметен како најкатастрофалниот министер за внатрешни работи кој со шарлатански и неодговорен пристап за само неколку месеци на партиски послушници им подели околу 500 решенија, ќе го потсетиме на унапредувањето по повеќе скалила на партиските војници на СДСМ во МВР. Ќе ја потсетиме јавноста дека меѓу незаконски унапредените беше и сопругот на неговата колешка Фросина Ременски кого спротивно на системот на кариера го награди со позиција седум нивоа повисока од таа што ја имаше. Целиот овој хаос што го креираше резултираше со разорување на системот на МВР и предизвикување на правна несигурност кај вработените.
Во тоа време, освен намерно и вулгарно креирање на афери, не е спроведена ниту една успешна полициска операција, а се нижеа тотални дебакли во полициското постапување. Во Чаир се дозволи уривање на крстот и нарушувања на јавниот ред и мир, а во кумановско-липковскиот регион направи огромни трошоци наредувајќи масовна акција чиј ефект единствено беше вознемирување на локалното население.
Оловер Спасовски форсираше луѓе како командантот на АЛФИ-те кој сега е засолнат во СЈО, кои се соочуваат со истраги заради незаконски ослободување на приведени лица.
Уште еднаш ќе го потенцираме фактот колку Оливер Спасовски е неупатен во проблематиката и колку не научил за време на осумте месеци како министер дека вработените во МВР добиваат цела плата и кога се на боледување.
За таа цел ќе ги цитираме членовите од Законот за внатрешни работи и Колективниот договор на МВР каде е уредено правото на паричен надоместок во случај на привремена неспособност за работа, односно во член 166 став 2 од Законот за внатрешни работи (Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година)  се вели: „На работникот во Министерството му се исплатува надоместок во висина на платата утврдена со овој закон и во случај на лична неспособност за работа (болест), за време на отсуството од работа“.
Додека пак во Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи во членот 179 став 3 се вели: „На работниците кои имаат статус на овластени службени лица само во случаите за време на лична непособност за работа (болест) или повреда на работа им се исплатува надомест на плата во висина на основната компонента на платата на работникот зголемена за делот од исклучителната компонента кој се утврдува заради посебните услови за работа и опасноста по живот односно постоење на висок ризик во извршувањето на работите и задачите утврден во членот 169 од овој колективен договор.“Но тоа е прилика да му објасниме дека вработените во МВР и кога се на боледување земаат плата во цел износ. Покрај елементарното непознавање на про

Пронајдете не на следниве мрежи: