Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во врска со денешната изјава на дополнителиот заменик министер Љупчо Николовски, ја информира јавноста дека ниту попречувала, ниту има намера да попречува некоја судска постапка.-Имајќи го тоа предвид, како што кажавме и претходно, МЗШВ ќе ги почитува сите одлуки на судските инстанци, кои ќе имаат крајна правна разрешница. Во овој момент, сите обвинувања на дополнителниот заменик министер се во делот на шпекулации и затоа нема да бидат коментирани од страна на Министерството. Дополнително, уште еднаш го повикуваме Николовски да се произнесе за договорите кои за закуп на државно земјоделско земјиште ги имаат кумашинот на Зоран Заев, пратениците на СДСМ и нивните фамилии. Јавноста има право да знае за колкави површини станува збор, како и за висината на годишните субвенции, кои истите ги добиваат, стои во реакцијата на МЗШВ.-Имајќи го тоа предвид, како што кажавме и претходно, МЗШВ ќе ги почитува сите одлуки на судските инстанци, кои ќе имаат крајна правна разрешница.&
Пронајдете не на следниве мрежи: