МЗТ го доби дербито со Работнички

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го победија ‘вечниот ривал’ Работнички со 100-85, во претпоследното коло во Супер лигата.Играчите на актуелниот првак победата ја обезбедија уште по првото полувреме, кога во втората четвртина стекнаа предност од 12 поени.Мечот мина во знакот на инцидентот на навивачите на МЗТ, кои запалија десетина факели, по што судиите го прекина мечот и побараа тој дел од трибините да биде испразнет.Тројца кошаркари на МЗТ во победата на својот тим партиципираа со преку 20 поени – Дамјан Стојановски постигна 28, Тодор Гечевски 24, а Ноа Далман 21 поен, кај Работнички Ненад Зивчевиќ со 19 поени беше најекспониран играч.Фени индустри го совлада Кожув со 77-64 и ја задржа четвртата позиција на табелата. Џејмс со 24 поени го предводеше Фени до победата, кај Кожув најпрецизен беше Мијаиловиќ со 17 поени.Екипата на Куманово ја совлада Лирија со 95-87, Костовски постигна 23, Ентони Дивејн 23, а Луковиќ имаше 17 поени 13 скокови во победата на Кумановци, четворица играчи се истакнаа со учинокот и во поразениот тим – Морбан 22, Џереми 18, Хаџибулиќ 17 и Симиќ 16 поени.Последното коло во Супер лигата ќе се одигра на 8.мај – Фени ќе го пречека МЗТ,Работнички ќе му биде домаќин на Куманово, а Кожув ќе игра против Лирија.
МакфаксКошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го победија ‘вечниот ривал’ Работнички со 100-85, во претпоследното кол

Пронајдете не на следниве мрежи: