МЗТ Скопје вечерва ќе се обиде да дојде до чевртата титула во низа

МЗТ Скопје вечерва со почеток до 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се обиде да дојде до третата победа во финалето на плејофот во македонското првенство против екипата на Куманово.МЗТ води во серијата до три победи со 2-0, и се очекува вечерва пред своите симпатизери да ја освојат четвратата титула во низа во нашата држава.
Актерите на двата тима најавуваат беспоштедна битка на теренот во текот на сите 40 минути и никој не сака однапред да се предаде. Капитенот на МЗТ Урош Лучиќ потенцираше дека екипата максимално се подготвува за натпревар и сите играчи сакаат серијата да заврши со максимални 3-0 во победи.
– Се подготвуваме максимално како и за претходните натпревари. Секако одиме на победа затоа што сакаме да ја потврдиме доминацијата на МЗТ пред нашите навивачи од кои очекуваме силна поддршка – вели Урош Лучиќ.
По драматичниот финиш на вториот натпревар во кој „металците“ со кош во последната секунда се избори за продолжение, а потоа стига и до победа, кошаркарите на Куманово сакаат да стигнат до првата победа и продолжување на серијата која во случај на победа ќе се пресели во Куманово.
– Знаеме дека сега веќе е тешко. Си ја отежнавме задачата по несреќниот пораз на вториот меч, но не се предаваме се додека има и последна капка надеж. Видовме дека Куманово може да го победи МЗТ и ќе се обидеме тоа да го докажеме среде Скопје – вели кошаркарот на Куманово, Урош Луковиќ.
Третиот натпревар од финалето во кошаркарскиот плеј-оф се игра од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.МЗТ води во серијата до три победи со 2-0, и се очекува вечерва пред своите симпатизери да ја освојат четвратата титула во низа во нашата држава.

Пронајдете не на следниве мрежи: