Овие денови, аналитичарот Дејв Хоџинс направи анализа на доказите кои покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за Трета светска војна, пренесе „Вебтрибјун“.1. Пред осум месеци, беше актуелна пресметката помеѓу американските паравоени формации („Академи“, порано „Блеквотер“) и руските паравоени сили („Вневедомственаја Окхрана“) во Украина.
2. Во мај 2014 година, западните медиуми беа неверојатно молчаливи на прашањето за руските воени испораки за поддржување на војната во источна Украина. Сепак, руската новинска агенција „Новости“, отворено рече дека „муницијата за специјалните сили со авион се испорачува за операцијата Славјанск“. Ова е значајно, бидејќи Доњецк планира да ѝ се приклучи на Русија. Доколку дојде до тоа, истото ќе го направат и останатите региони.
3. Како што се наведува во блогот на руската морнарица, во мај 2014 година, Русија симулирала американски нуклеарен напад кој вклучувал подморници, бомбардери и копнени проектили. Наводно, со целата симулација координирал Путин од штабот на Министертсвото за одбрана во Москва. Цивилните авиони биле предупредени да ја избегнуваат оваа област.
4. Пред осум месеци, руски „Лајф Њуз“, објави дека руското Министерство за внатрешни работи и Министерството за граѓанска безбедност и вонредни ситуации, вовеле патни забрани за сите пожарникари, здравствени работници и полицајци. Меѓу оние кои не можат да ја напуштат државата, се наоѓаат и вработените кои имаат пристап до државните тајни. Се проценува дека патна забрана имаат околу 250.000 вработени.
5. Русија додаде нови 40 бродови во нуклеарниот арсенал во 2014. До крајот на 2015 година, Русија ќе поседува еднаков број на бродови како САД.
6. Реновиран борбен авион од руската Северна флота, го прошири својот домен на патролирање над Антарктикот во 2014 година.
7. Подморниците со балистички проектили сочинуваат еден дел од рускиот стратешки нуклеарен арсенал, заедно со интерконтиненталните балистички проектили и руски бомбардери. Подморницата „Бореј“ е првата руска постсоветска подморница со балистички проектили. Нејзиното создавање посочува на тоа дека руската економија се наоѓа во воена состојба. Се очекува дека Русија ќе произведе осум подморници до крајот на 2020 година.
8. Според зборовите на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, Русија активно ќе ги развива своите воени бази во странство, како што се оние во Киргистан, Таџикистан и Ерменија.
9. За време на минатогодишната криза во Сирија, Путин се закани дека ќе изврши нуклеарен напад на САД доколку ја нападнат Сирија.
10. Русија сериозно вложува во развој на системи кои ги попречуваат радарите, за да биде во можност да ги заштити своите далекусежни бомбардери.
11. Русија има потрошено скоро 72 милијарда долари на оружје во 2011 година и планира да потроши преку пола милијарда долари за усовршување на своите системи за наоружување до 2016 година, вклучувајќи ја и способноста да ја сруши Америка со сајбер напади.
12. Руските нуклеарни сили стануваат мобилни, а новата невидлива (стелт) технологија, сега подразбира и незабележливи бомбардери и подморници.
13. Како што наведе „Правда“, Русија поседува 5.000 нуклеарни оружја од различни класи, вклучувајќи ги и „Искандер“ боевите глави и торпеда.
14. Како што наведува „Фајненшл Тајмс“, уништувачи на сателити се лансирани во орбита во мај 2014 година. Овој потег на руската страна е сличен на оној кој Кинезите веќе го тестирале и оствариле. Неговата намера е да се „заслепат“ американските поморски сили.
15. Русите неодамна објавија дека цела ескадрила на руската морнарица неодамна одржа воени вежби во Англискиот канал. НАТО мора да биде нервозен, бидејќи веоните игри во минатото биле користени за започнување на напади.
16. Русите исто така објавија дека на Кина ќе ѝ го продадат својот најнов софистициран систем за противвоздушна одбрана.
17. Се очекува трошоците на Русија за одбрана од 2016 до 2025 година, да пораснат на 540 милијарда долари. Голем дел од парите се трошат за обезбедување на „невидливост“ на рускиот арсенал, така што руските нуклеарни проектили можат да погодат цели и без претходно да бидат детектирани. Рускиот бомбардер од најнова генерација е скоро невидлив за радарите, а нивните супертивки подморници се смртоносни и целосно ќе бидат оперативни во 2025 година.
18. ФЕМА потпиша билатерална спогодба со руската војска, дозволувајќи им на барем 15.000 руски војници да тренираат во Америка, а тоа се случи и во времето кога Русија и Кина се закануваа дека ќе извршат нуклеарен напад врз САД, доколку тие ги окупираат Сирија или Иран во 2013 година.
19. Минатото лето, руската војска ги префрли војниците од западните, централните и источните воени делови од државата во регионот на Арктикот, пренесе ТАСС.
20. НАТО беше зафатен во последните три дена во октомври 2014 година, кога беа следени руски воени авиони над Балтикот, Северното Море и Атлантскиот Океан. Се смета дека до 29 октомври, биле пресретнати повеќе од 19 руски авиони.
21. Путин објави војна против петродоларите и се обидува да ја дестабилизира американската економија со продажба на нафта за злато.
22. Путин ги разниша односите помеѓу САД и нивните поголеми партнери Индија и Кина. Тој успеа да ја продаде руската енергија на Кина, извршувајќи исплата во злато. Индија и Русија разменуваат роба за злато. Доларот повеќе не се користи.
23. Португалија, која е членка на ЕУ и НАТО, успеа да избрка еден руски брод од своите води на 6 ноември. Русија тврди дека бродот вршел морски истражувања, но Португалија била приморана да интервенира кога бродот се нашол на околу дваесеттина километри од брегот.
24. Путин најави дека ќе ја укине испораката на гас кон Европа. Литванија и нејзините соседи се подготвуваат за инвазија од страна на руските сили.
25. Литванската власт издаде упатство за преживување на своите граѓани, во случај на напад од страна на Русија. Европа смета дека знае на што сѐ е Русија подготвена, бидејќи веќе поминала низ две светски војни.
26. Русија добива нови сојузници во Индија, Бразил, Боливија, Ел Салвадор, Куба, Еквадор, Никарагва, Кина, па дури и Јужна Африка.
27. Пол Крег Робертс ја предупреди јавноста на тн. „црн лебед“, односно отсекување на залихите на енергија за сите европски нации – кое претставува вовед во војна. Се чини дека поранешниот секретар бил во право. Ниту една европска нација не поседува доволни резерви гас за да ја преживее зимата, а некои нации воопшто и немаат резерви на гас и зависат од извозот од Русија.
28. Путин еднаш изјави дека планира да ја уништи нуклеарната безбедност во САД. Со други зборови, на Русија не ѝ е потребна заштита во вид на ограничување на нуклеарното оружје. Тоа може да значи едно – тој се подготвува за нуклеарна војна.
29. Путин е поранешен агент на КГБ и има психолошки профил на водач кој би можел да ја стартува Третата светска војна.
30. Путин не обрнува внимание на тоа што ќе ја започне Третата светска војна. Тој знае дека во еден момент ќе мора да го стори тоа, со цел да го спречи понатамошното ширење на американската хегемонија.1. Пред осум месеци, беше актуелна пресметката помеѓу американските паравоени формации („Академи“, порано „Блеквотер“) и ру