На мало момче му пораснало полжав во колено

Докторите од болницата во Калифорнија биле вчудоневидени откако од коленото на четиригодишно момче извадиле пораснат полжав. Малиот Пол Френклин додека бил на одмор со своите родители, паднал и си го повредил коленото. Раната на коленото наместо да заздравува таа почнала да се влошува, при што неговите родители го однеле во болница. 
При прегледите докторите не можеле да разберат која е причината за влошување на раната. 
Пред неколку дена мајката на детето решила работите да ги превземе во свои раце, па ја пукнала раната. Во истиот момент од коленото на детето се појавил морски полжав. 
Се претпоставува дека кога паднало детето од карпите во неговата рана се протнало јајце од полжав при што полжавот буквално пораснал во коленото на детето. 
Сега Пол си има свое домашно милениче што го нарекува Турбо. Малиот Пол Френклин додека бил на одмор со своите родители, паднал и си го повредил коленото. Раната на коленото наместо да заздравува таа почнала

Пронајдете не на следниве мрежи: