Најоригинален календар за 2017 година во кој главен лик е Владимир Путин

Календарот за 2017 година што се појави во Русија покажува дека претседателот Владимир Путин и тоа како знае да ја изненади светската јавност. Но, реакциите се различни.Календарот се состои од 12 различни фотографии од Путин на кои тој се појавува во различни ситуации: во воена униформа, како гали мачка итн.
Секој месец носи и по еден цитат од рускиот претседател, како на пример оној што стои до фотографијата на која Путин излегува од авион, со поглед во далечина: „Русија е мирољубива земја на која не ѝ требаат туѓи територии и природни богатства. Но, доколку некој ја загрози, ќе го употреби сето расположливо оружје за да ја осигура својата безбедност“.
Минатата година Путин објави сличен календар на кој имаше фотографии како си игра со кучиња, мириса цвеќиња, вежба гимнастика итн. Тоа ги изненади фановите бидејќи во секојдневни ситуации го видоа лидерот на една од најмоќните држави со 144 милиони жители.

It's out! The Vladimir Putin 2017 calendar. pic.twitter.com/fEt2tI7Stg
— Steve Rosenberg (@BBCSteveR) October 15, 2016
Календарот се состои од 12 различни фотографии од Путин на кои тој се појавува во различни ситуации: во воена униформа, како гали мачка итн.

Пронајдете не на следниве мрежи: